Украинските протести про-пристапувањето кон ЕУ преземаа насилен тек, откако демонстрантите се судрија со полицијата на 1ви декември 2013, кога нападнаа неколку згради на администрацијата во центарот на Киев. Само неколку дена порано, на 30ти ноември, мирен протест беше насилно растурен од страна на Беркут, украинската полиција против немири. Источно од границата, руските блогери продолжуваат да се интересираат за развојот на ситуацијата, иако се уште постои мал консензус за тоа што претставуваат протестите за руското, опозициско движење.
Многумина се согласија дека причината која ги вознемири украинците до степен да покренат немири, е острата тактика на полицијата (која според општински заменик од Москва, Константин Јанкаусас, е во „стилот на Путин“). Новинарот Јури Саприкин на својот Фејсбук профил објасни дека украинците се особено чувствителни на овој тип на насилство:
[…] ничего подобного разгону митингующих наподобие вчерашнего или прорыву омоновских цепей с булыжниками и арматурой типа сегодняшнего не происходило там ни разу. […] именно поэтому ночной разгон майдана воспринимается как точка невозврата и нечто абсолютно непростительное.
[…] Ништо налик вчерашната дисперзија на демонстрантите или денешното пробивање на полицијата со камења и тули не се случило тука досега. […] токму тоа е зошто ноќната дисперзија на собирот се доживеа како точка од која повеќе нема враќање и нешто сосема неоправдано.
Опозицискиот блогер Ирек Муртазин мисли дека оваа желба да се преземе владата се одразува лошо на руската опозиција — сепак, по дисперзијата на насилната толпа за време на немирите во Москва на 6ти мај 2012 година, потребна беше цела недела за да се организира марш во знак на протест, додека во овој случај украинците веќе утредента беа назад на улиците. Можеби русите се повеќе навикнати на насилство од овој тип од страна на полицијата?
Во меѓувреме, лидерите на украинскиот протест, нередот и фрлањето со камења го нарекоа „провокација“. На темата рускиот активист Роман Доброкотов коментира:
Очень хорошо что Кличко и остальные организаторы сочли провокацией закидывание ментов камнями. Ибо это не тот путь.
— Roman Dobrokhotov (@Dobrokhotov) December 1, 2013
Многу е добро што Кличко и останатиот дел од организаторите фрлањето со камења на полицијата го нарекуваат провокација. Тоа не е вистинскиот начин.
Ставовите од овој тип, предизвикуваат уште повеќе непријатни споредби со руските протести. Кирил Шулика од DemVybor напиша, со малку повеќе лутина, за членовите на опозицијата кои го поддржуват насилството како начин за конфронтација со Кремљ:
Провокаторы у них были в Бирюлево, провокаторы в Киеве… Они просто не представляют, что народ можно достать так, что он возьмет трактор и пойдет штурмовать АП, несмотря на силы правопорядка с оружием, шумовые гранаты и слезоточивый газ.
Мислеа дека има провокатори во Бирјулиово, сега има провокатори во Киев… Тие едноставно не можат да замислат дека еден народ може да се изреволтира до тој степен да со трактор ја уништат претседателската администрација, без да ги интересира ништо за вооружената полиција, гранати со бучава или солзавци.
Националистичката публикација Sputnik & Pogrom се чини дека се сложува — за нив, причината зошто украинските протести се поуспешни од руските е фактот дека украинците ги прифаќаат радикалните националисти во првите редови при физичката конфронтација со полицијата. Во Русија пак, „господата“ либералци се премногу уплашени за да се поврзат со националистите за да можат добро да ги искористат.
Блогерите поддржувачи на украинската опозиција ги изјавуваат своите ставови за провокаторите, забележувајќи дека раширена е дезинформација за големината на протестите. На пример, некои извори тврдат дека 1,6 милиони луѓе се придружиле на протестите во центарот на Киев. Оваа бројка е малку необична, а тоа е бидејќи е тотално измислена — дури и опозициските партии не тврдат за повеќе од половина милион демонстранти, додека очевидци како фото-блогерот Илија Варламов проценуваат дека целосната бројка на посетеност е нешто повеќе од 100 000. Една фотографија која е активно споделувана деновиве на интернет, на која се гледа огромната посетеност на протестите, е наводно направена во 2004.
Без оглед на успехот на украинските протести, многумина предвидуваат затегнување на контролата на руската влада. Новинарот Јури Саприкин беше особено строг околу потенцијалните бурни реакции:
Дико сочувствую всем киевским товарищам – при этом понятно, что в случае победы евромайдана опасения, что после Олимпиады в России начнется полный и окончательный трендец, можно переводить в разряд медицинского факта. Если в результате предыдущего майдана были созданы движение Наши и прочая суверенная сурковщина, а под впечатлением от арабской весны случился третий срок, то о гипотетических последствиях нынешней победы даже не хочется думать.
Многу сочуствувам со нашите пријатели од Киев, но истовремето повеќе е од јасно дека Euromaidan победи, со што грижите дека пост-Олимписка Русија ќе биде целосен пекол може да бидат разгледани како медицински факт. Ако како резултат на претходната украинска револуција го добивме движењето НАШИ и „суверената демократија“, а како резултат на Арапската пролет го добивме третиот мандат на Путин, тогаш не ни сакам да помислам на хипотетичките последици од моменталната победа.
Ако неодамнешните извештаи дека украинскиот претседател Јанукович ќе се помири со барањата на демонстраторите се вистинити, руската опозиција ќе има многу за што да се грижи.