Откако мнозинство на парламентарци во писмо до кралот Абдула се жалеа на Владата на Др. Мароув Бакит, вчера беше назначен новиот премиер. Бакит ја поднесе својата оставка кај кралот, која веднаш беше прифатена.
Како дополнување на писмената жалба, отстранувањето на Бакит беше резултат и на антивладините протести кои се одржуваа во кралството од самото назначување на Бакит. Мароув Бакит биде заменет од Aун Хасауна, меѓународен судија.
Твитер заедницата реагираше веднаш по вчерашните промени. Јорданецот Фади Самара го изрази неговото разочарување поради постојаното реорганизирање во кабинетот.
@Fadisamara: Се разбудив со нова Влада во Јордан. Кој е тој Хасауна? Кога ќе престане ова деструктивно реорганизирање?
Моохамед Абанда е среќен и е оптимист за промените. Тој пишува:
@MoAbandah: Среќен сум и сум голем оптимист за назначувањето на Аун Хасауна за премиер на Јордан, тој е чесна личност, образован и познат по неговата лојалност кон земјата, вистината и правдата.
На Џија Русидат и се допаѓа неизвесноста околу политичката сцена во Јордан. Таа забележа:
@GhiyaRushidat: Нетрпелива сум за новата Влада, формирањето на Министерствата за култура, образование, социјален развој како и Министерството за надворешни и внатрешни работи.
Насем Таравна сака повеќе промени. Тој пишува:
@tarawnah: Се прашувам дали покрај овие големи позиции, ќе видиме масовна реорганизација на средниот менаџмент во јавниот сектор на Јордан.
И Анас Х. Натор беше изненаден. Тој твитна:
@AnasNatour: Се колнам, спиев само 2 часа, и кога се разбудив дознав дека земјата е превртена!
Насловна слика на јорданското знаме од корисникот на Фликр – Аргенберг. (CC BY 2.0).