Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Поддршка од заедница на Глобал војсис за застапниците на слобода на изразување од Мароко

Заедницата на Глобал војсис бара правда за седумте застапници на слободата на говор кои се соочени со судење во Мароко поради нивниот активизам.

Седумте застапници настојуваа да ги бранат човековите права, бараа отчетност на властите пред јавноста, и се залагаа за владеење на правото во нивната земја. Пет од нив се обвинети за „загрозување на внатрешната безбедност на државата“, а двајца се соочуваат со обвиненија за „примање странски фондови без да го известат Генералниот секретаријат на Владата“. Ја повикуваме Владата на Мароко да ги исполни обврските преземени со меѓународните договори за заштита на човековите права и да ги отфрли сите обвинувања против седуммината.

Хишам Алмираат на Самитот на глобал војсис во Најроби, 2012 г.

Хишам Алмираат на Самитот на глобал војсис во Најроби, 2012 г.

Меѓу обвинетите е и Хишам Алмираат, лекар и долгогодишен член на нашата заедница. Не можеме да молчиме додека нашиот пријател е под закана. Скоро цела деценија, Хишам е водечки глас во мароканската блогосфера. Тој е соосновач на проектите за граѓански медиуми Ток Мароко и Мамфакинч, а служеше и како директор на делот на Глобал војсис за застапување. Балансирајќи ги професијата и личното залагање, Хишам помина многу години работејќи на подобрување на животите и добросостојбата на Мароканците, и како активист од граѓанското општество и како лекар.

Како и други групи поврзани со медиумите и човековите права низ светот, стравуваме дека овој случај претставува обид од страна на мароканските власти да ги замолчат оние кои се критични во однос на нивните политики и практики.

Овој обид го гледаме не само како закана за нашиот пријател и колега, туку и како закана за нашата поширока мисија. Како заедница од блогери и активисти од над 160 земји, секојдневно го користим нашето човеково право на слобода на изразување за да раскажеме приказни за заедниците од целиот свет кои не се доволно претставени во јавноста.
Ве повикуваме да се придружите во поддршката за нашата порака, а исто така ги повикуваме странските влади да бараат отчет од мароканската влада за нејзинит постапки и принципи. Правда за Мароко – #Justice4Morocco.

 

Поддржете го нашиот повик

Потпишете ја оваа отворена изјава од нашата заедница [Кликнете за потпис]

Поддржете ја кампањата на социјалните медиуми со користење на хаштагот #Justice4Morocco

Прочитајте ги и споделувајте ги известувањата за случајот:

Прочитајте ги и споделувајте ги написите на Хишам за Глобал војсис.

 

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.