Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Лингва: Креирањето на глобалниот онлајн проект за преведување

Лого на ЛингваДали некогаш си се запрашал како да натераш луѓе да работат заедно преку интернет со цел да соработуваат за преводи на повеќе јазици? Во скоро две години проектот за преведување Лингва на Глобал војсис има вклучено 15 различни јазици (се планираат 7 нови) и има повеќе од 75 преведувачи-волонтери. Најискрено и ние сме зачудени од големината на проектот.

Во декември 2006, блогерите кои присуствуваа на самитот на Глобал војсис во Делхи одлучија да креираат проект со кој ќе се овозможи преведувачи на волонтерска основа да избираат постови од Глобал војсис и да ги направат достапни на други јазици. Во само две години ние имаме сајтови на бангла, француски, арапски, албански, кинески и многу други јазици.

Леонард Чен од Тајван, заедно со Портноу Зенг го води проектот Лингва. Тој креираше интерактивна временска рамка во која е наведено создавањето на проектот, вклучувајќи го првиот превод од секој јазик, партнерства со други организации, медиумско опфаќање на проектот и интервјуа на учесниците.

Со помош на зелената точка движете се низ временската рамка. Кликнете на секој од  податоците за да видите повеќе детали за секој од нив.

Нови волонтери се појавуваат од сите страни на светот за да се вклучат во проектот. Имејл до Лингва од заинтересиран преведувач е првиот чекор за да се вклучи во проектот. Секоја група за различен јазик работи автономно за да овозможи преводи, а сите работат заедно преку имејл групи за заеднички да ја одлучат насоката на проектот. Многу преведувачи завршија како автори на постови на Глобал војсис и обратно.

Клер Улрих, која го води Глобал војсис на француски, ја креираше оваа мапа на преведувачите од Лингва заедницата.


Погледни поголема мапа

Приклучете и се на Лингва доколку ги имате вештините и времето за да придонесете. Секој е добредојден и заедницата е составена од прекрасни луѓе. Пратете ни имејл! (на овој линк за македонски, а на дното на оваа страница за глобално)

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.