Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Лингва  »

Нов независен филмски фестивал ги прикажува борбите и победите на домородците во Папуа, Индонезија

Учесници на вториот папуански независен филмски фестивал. Извор: Страницата на „Фејсбук “ на „Папуан војсис“, искористена со дозвола.

„Папуан војсис“, организација за видео застапување, од 2017 до денес има организирано два независни филмски фестивали во чест на животот и борбата на домородното население во југоисточната индонезиска покраниа, Папуа.

Во 2015 година, „Глобал војсис“ прво го претстави „Папуан војсис“ како проект на „Енгејџмедиа“, а подоцна истата година „Папуан војсис“ стана независна организација сега присутна во шест папуански региони.

Многу домородни Папуанци останаа раселени заради неодамнешниот прилив на Индонезијци од други региони, бидејќи станува збор за сиромашна област богата со природни ресурси. Некои Папуанци потегот го осудија како нелегална окупација и бараат независност од Индонезија.

Карта на Папуа и Западна Папуа. Слика од „Гугл мапс“

Во тој контекст, првиот филмски фестивал што се одржа во Папуа целеше кон:

to highlight the issues of the indigenous people of Papua through documentary films as well as to build public awareness of the important issues impacting them.

истакнување на проблемите на домородното население во Папуа преку документарци, како и јакнење на јавната свест за важни прашања кои се однесуваат на нив.

Беа пријавени речиси 30 филмови, во предфестивалските работилници за продукција учествуваа 50 луѓе, и беа снимени 10 филмови преку работилници што се концентрираат на млади лица.

Организацијата, поттикната од првичниот успех, одржа втор филмски фестивал во август 2018 година, со над 1,000 луѓе публика. Пријавени беа вкупно 19 филмови од различни делови на Папуа.

Денеска е прв ден од предфестивалската филмска работилница во папуанскиот округ Кером (по минатонеделната работилница во Џајапура) кои ги организира заедницата на „#Папуан војсис“. Овие работилници ги поттикнуваат локалните режисери да се подготват и да пријават филмови за Папуанскиот филмски фестивал 2018. Следете нè за повеќе информации. PapuanVoices [„#Папуан војсис“]  #FestivalFilmsPapua2018 [#Папуанскиот филмски фестивал 2018]

Меки Јеимо, учесник на фестивалот, вели дека филмовите содржат многу податоци за земјишните спорови помеѓу домородните земјопоседници и инвеститорите, кои земјата ја користат за рударење и палмини насади.

Франки Самперанте, раководител на „Пусака“, индонезиска невладина организација, ја истакна важноста на филмскиот фестивал:

In Papua, there are very limited options to obtain information by ordinary people because information is controlled by certain dominant groups. The information in these films will be very useful for many people at the local, national and international levels.

Тешко се добиваат информации од обичниот народ во Папуа бидејќи истите се контролирани од одредени доминантни групи. Информациите од овие филмови ќе бидат корисни за многу луѓе на локално, државно и меѓународно ниво.

Многу од прикажаните филмови на двата фестивали ги отсликуваат секојдневните маки на Папуанците.

На пример, добитникот на наградата за најдобар филм на 2017 година „Камионот Монс“ е документарец во режија на Имануел Хиндом, за поранешен возач на камион на плантажи за палмино масло, кој пронашол начин да им помогне на жените продавачки („Mama-mama“ на папуански) да заработат повеќе, превезувајќи го нивниот зеленчук на нови пазари во главниот град Џајапура.

„Чуварот на шумата Исио“ е уште еден инспиративен краток документарец кој ја раскажува приказната за Алекс Ваисимон, кој претворил густа шума во познато туристичко место за набљудување птици. Филмот е режиран од Асрида Елизабет, Харун Румбарар, Бернад Котен и Јосеф Леви.

Од 2011 година, „Папуан војсис“ и „Енгејџмедиа“ обучија повеќе од 50 режисери и создадоа околу 100 филмови, прикажани на повеќе од 50 локации низ Индонезија и надвор од неа.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.