Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Претставување на Threatened Voices (потиснати гласови)

threatened-logo

Никогаш како до сега, не се случило толку многу луѓе да добијат закани или да бидат уапсени за зборови кои тие ги пишуваат на интернет.

Како што активистите и граѓаните зголемено го користат интернетот за да го искажат своето мислење и да се поврзат со други, многу влади го зголемија надзорот, филтрирањето, легалните акции и малтретирањето. Најголемите последици беа политички мотивираните апсења на блогери и онлајн писатели за нивните онлајн и офлајн активности, кои во некои случаи водеа и до смрт. Сега, онлајн новинарите и блогерите опфаќаат 45% од сите медиумски работници, кои се во затвор на светско ниво.

Global Voices Advocacy лансира нова страница наречена Threatened Voices (потиснати гласови) за да помогне во следењето на агресијата врз слободата на говор. Сајтот ќе содржи светска мапа и интерактивна временска рамка, која ќе помага да се визуелизира приказната на заканите и апсењата на блогерите од целиот свет и ќе претставува централно место за информации од најпосветените организации и активисти, меѓу кои Committee to Protect Bloggers (Комитет за заштита на блогери), The Arabic Network for Human Rights Information (Арапска мрежа за информации за човекови права), Reporters without Borders (Известувачи без граници), Human Rights Watch (Посматрач на човековите права), CyberLaw Blog (Блог за кибер-закон), Amnesty International, Committee to Protect Journalists (Комитет за заштита на новинари), Global Voices Advocacy.

threatened_voices

Кој блогер, каде?

Наоѓањето на точни информации за апсења и закани на блогери и онлајн писатели е многу тешко поради неколку причини.

Прво, тајноста околу онлајн цензурата и репресијата прави многу тешко да се дојде до вистината. Не поминува ни една недела без приказни за апсења на уште некој онлајн новинар или активист во земји како Египет или Иран, но деталите и причините често остануваат мистерија.

Второ, сè уште постојат неколку забуни околу дефиницијата за „блогер“. Професионалните новинари забрзано мигрираат кој онлајн медиумите и блоговите со цел да добијат повеќе слобода, со што се изместуваат старите дефиниции. Многу таканаречени кибер-дисиденти од Кина, Тунис, Виетнам или Иран немаат персонални блогови. Понекогаш, блогерите се апсат поради нивните офлајн активности, а не за она што го објавуваат онлајн.

Ваквите забуни им задаваат проблеми на застапувачите за слобода на говор на интернет за да можат да направат добра стратегија и партнерства за да ги одбранат блогерите и онлајн активистите, но никогаш како досега не било важно да се обидат во тоа.

Да работиме заедно

На Global Voices имаме заедница од автори, уредници и преведувачи, кои ни помагаат да бидеме информирани за нападите врз слободата на говор и човековите права. Со Threatened Voices сакаме да го отвориме процесот на известување за секоја личност која има информација.

Ги повикуваме сите оние чии пријатели, роднини, колеги или сонародници се под закана, да помогнат во креирање и ажурирање на профилите на они кои се исчезнати или се уапсени, за ние да можеме да побараме дополнителни извори, да ја потврдиме информацијата и да посочиме кон онлајн кампањите посветени за нивно ослободување.

Во процесот, се надеваме дека ќе научиме за тоа кога, каде и до кој степен блогерите се малтретирани во различни земји, за да можеме да ја споделиме информацијата со новинари, истражувачи и активисти, со цел да работиме кон создавање на интернет каде секој може да го искористи своето право да зборува слободно и каде блогерите во затвор не се заборавени.

Помогнете ни да ја прошириме информацијата. Ажурирајте го вашиот профил на Twitter, Facebook или напишете на вашиот блог за Threatened Voices!

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.