Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Израел: Почеток на општи избори

Лидерот на израелската владејачка партија , Ципи Ливни се откажа од обидите да формира владејачка коалиција. Ливни се обидуваше да состави Влада откако  минатиот месец го замени Премиерот Ехуд Олмерт како лидер на владеачката партија Кадима. Во преносот во живо со Претседателот Шимон Перес, Ливни рече дека нема да се предаде на, како што таа го нарече политичка уцена , која најмногу произлегува од барањата на религиозната партија , Шас.

Лирон Тамам пишува:

Одлуката на Ливни да запре со преговорите и да тргне кон општи избори изгледа потребна. Дури и да успееше во создавањето на коалиција, тоа лесно ќе преминеше во богато подножје на изнудувања и бројни кризи. Ливни не поштеди од тоа.

И сега што? Ние ќе завршиме со локалните избори и ќе одиме право на општи избори. Различни кампањи ќе паднат од небото, право во зимската каллива земја, давејќи не во ветувања. За Ликуд, ова треба да бидат најлесните избори. Се што треба е да ги истакне постигнувањата на Кадима: Втората Либанска војна, корупцијата, Гилад Шалит, оштетувањето на правниот систем, да го прикаже Ливни како Олмерт 2 и поделбата на Ерусалим. Кадима пак од друга страна, ќе им го каже на сите она што Биби сака сите да го заборавиме – економијата. Кадима секако ќе не потсети дека тие ги поддржуваат мнозинството Израелци за враќање на сите окупирани територии. Партијата Авода? Ако има нешто останато од неа, ќе го истакнат Ехуд Барак како најдобар Министер за одбрана. Којзнае, можеби тој се стреми да биде само тоа и ништо повеќе.

…Дали партијата Авода го испушти Ехид Барак? Колку време ќе му биде потребно на Кадима за да се самоуништи? Дали Хаим Орон конечно ќе биде способен да го мотивира Мерец?

Порано оваа недела Ливни имаше две опции: 1) да биде Премиер во слаба Влада заедно со Шас по предавањето на негово барање или 2) да создаде малцинска коалиција која што може да трае само неколку месеци. Одбивањето на Ципи Ливни да се согласи да не преговара околу поделбата на Ерусалим беше суштината на несогласувањето со Шас.

Во едно интервју на ТВ Канал 1, парламентарецот Ариел Атиас (од Шас) откри дека Ципт Ливни се согласил на барањето на Шас да обезбеди 1 билион шекели под услов 600 милиони од таа сума да се пренасочи на семејствата со многу деца, а другите на различни Шас институции ..

Неколку часа подоцна, Ели Јишаи, претседател на Шас, излезе со нов напад на преговарачкиот тим на Кадима

“хипокрити, расисти и арогантни, коишто ги донесоа етничките демони”. Јишаи ги нападна луѓето на Кадима откако тие го обвинија Шас за уцена. Тој тврдеше дека „интересно е тоа што партијата Авода, којашто прими 1,5 билиони шекели за добивање на договорот за коалиција, не беше обвинета за уцена…“

Изборите во моментов се закажани за 10 ти февруари. Јас ќе се трудам најмногу што можам да ги покријам изборите,  како што ќе се развиваат случувањата, од секоја гледна точка овде на Глобал Војсис.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.