Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Иран: Блогирање од најмалото училиште во светот

Следува уште една приказна за тоа како блогирањето може да ги смени животите на позитивен начин и да привлече внимание кон невидливите делови од овој свет.

Абдул Мохамад Ше’рани, млад ирански учител во многу оддалечено село во Иран, блогира за неговото многу мало училиште и неговите четири ученици во малото рибарско село Јамалабад Калу во Иран, кое е блиску до јужното пристаниште Бушехр.

Мохамед до неговите четири ученици

Абдул Мохамад Ше’рани со неговите четири ученици

Социјалните медиуми направија нешто чудесно: Иранските медиуми, па дури и CNN, известија за ова село и владата помогна со реконструкцијата на патот и други објекти. UNESCO го призна училиштето како најмало во светот. Може да видите неколку фотографии од училиштето тука.

CNN креираше сторија за ова училиште, која се појави и во видео на YouTube.

На блогот Notes of a teacher as soldier има пост за првото искуство на учителот со ова училиште:

На првиот ден постанав учителот-војник, малечко девојче со нежен глас и со прекрасна источна скромност дојде да се запознае со мене. Таа ја фати мојата рака со нејзината, опкружена со зелена нараквица за заштита од злото, и ми го покажа новото училиште на Калоу; училиште кое немаше ѕидови и беше поставено само неколку чекори оддалечено од морето.

На неговиот блог, Абдул Мохмад пишува дека некогаш на неговите четири ученици им дал задача за есеј со тема „Доколку јас бев претседателот“:

Еден од учениците напиша: „Доколку јас бев претседателот ќе им помогнам на сиромашните луѓе, нема да дозволам некој да живее во сиромаштија… Ќе овозможам вода и електрична енергија за селата со цел да им помогнам на луѓето од овие рурални области да живеат удобен живот како оние од урбаните области… Ќе остварам мир помеѓу различните земји и нема да дозволам моќните земји да ги напаѓаат послабите.“

Баз Нам Зендеги (што значи живот повторно) пишува:

Абдул Мохамад не се жали за недостатокот на објект, тешкотиите и проблемите. Тој пишува за животот, љубовта за учењето и предавањето во било која околност. Тој ги учи своите ученици дека добрината владее тука и дека животот со сите свои предизвици сепак продолжува понатаму…

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.