Погорната фотографија од тест од средно училиште од Хонг Конг стана вирална на социјалните медиуми во изминативе денови. Прашањето на тестот е: Кои се факторите кои доведоа до Чадор-револуцијата на 28ми септември?
Ученикот одговорил со математичка формула: 64+71+101+689+3=928.
Учителот го означил тестот со 0 бодови и му кажал на ученикот да го поправи одговорот. Ученикот потоа ја декодирал формулата:
64 = инцидентот на 4ти јуни, 1989 во Пекинг. По настанот, луѓето во Хонг Конг секоја година одржуваат бдеење со свеќи и бараат осуда за настанот на 4ти јуни.
71 = на 1ви јули, 1997, Хонг Конг, поранешната британска колонија, беше предадена на Пекинг. Оттогаш, секоја година, про-Пекингшки политички групи наутро го прославуваат повторното обединување, додека про-демократските граѓански групи демонстираат за демократски реформи.
101 = кинескиот национален ден, државен празник, е на 1ви октомври.
689 = е вкупниот број на гласови со кои се здоби сегашниот Генерален директор Леун Чун Јинг во изборниот одбор, кој е составен од 1200 членови.
3 = триото за реформи, кратенка за трите главни владини претставници одговорни за консултации околу политички реформи. Трите претставници се генералниот секретар, Кери Лам, секретарот за правда, Римски Јуен и секретарот за уставни и копнени работи Рејмонд Там.
Сумата од горенаведените е 928, 28ми септември, денот кога полицијата користеше солзавец врз мирни демонстранти кои се бранеа со нивните чадори.