Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Кина: Ученици практиканти или ефтина работна сила?

Во Кина, од 2004 година започна да се појавува недостиг на пазарот на труд; со цел да се избори со проблемот, кинеската влада започна да ги охрабрува приватните институции да го зголемат бројот на стручни училишта. Според статистиките на Бирото за образование, бројот на ученици во средните стручни училишта се зголеми од 12.56 милиони во 2003 година на 21.95 милиони во 2009 година.

Во 2006 година, владата го воведе моделот таканаречен „однапред фабрика, одзади училиште“, или модел за соработка училиште-бизнис. Како и да е, вклучените ученици не се заштитени со минимална плата и бизнисите не мора да плаќаат за нивното социјално осигурување, иако овие ученици работат како обични работници.

Ученички труд

Young shoe factory worker in Shenzhen Longgang, China. Image by Martin Coyne, copyright Demotix (27/04/2009).

Млада работничка во фабрика за чевли во Шенжен Лонганг, Кина. Фотографија на Мартин Којн, авторски права Демотикс (27/04/2009).

Азискиот центар за набљудување на ресурсите објави детален извештај за систематската експлоатација на учениците практиканти во Кина, „Ефтина работна рака во суштина, ученици по име: Практикантите на стручните училишта во Кина“:

…она што на севкупната индустрија во Кина и е потребно се само нестручни работници; мноштвото ученици од средните стручни училишта, без оглед на тоа што е нивната главна струка, на крајот се испратени на производната лента, каде некои ученици велат дека е потребен само еден ден за да ја научат нивната работа и дека не им е потребно никакво професионално знаење. Оттаму, ученичката пракса, во основа, е само начин да се исклучи трудовата врска помеѓу учениците и претпријатието, притоа без заштита од законот за труд, така што претпријатието може да ги намали своите трошоци за труд.

Овој феномен не само што ги лиши учениците од нивните трудови права, но исто така, негативно влијае на севкупниот пазар на труд. Многу претпријатија постојано ги користат учениците како работна сила, некои дури користејќи ги како 70% од својата работна сила…

Неколку ученици работници од Военото училиште Гуојанг или Средното стручно училиште Гуојанг одлучија да го откријат проблемот онлајн. Подолу е нивниот вовед во Сина Веиблог, на 19 јули, 2011 година:

我们是贵阳市国防学校的毕业生,被学校当成了赚钱工具,长期实习。我们感到不愤,走上了维权路,为自己讨公道。希望分享我们的经历,请大家支持我们!我們的博客:http://t.cn/aWSbkR

Ние сме матуранти на Военото училиште Гуојанг. Училиштето не третираше како алатки за заработка. Лути сме и решивме да ги браниме нашите права и да бараме правдина. Сакаме да го споделиме нашето искуство, ве молиме поддржете не! Адресата на нашиот блог е: http://t.cn/aWSbkR

Еден од учениците работници Xiao Luo, во јули, ја раскажа неговата приказна за локалниот весник:

“在 学校根本学不到东西。”小罗学的是市场营销专业,2007年7月入校,在学校只待了5天,他就被安排到深圳的一家公司实习。直到2008年2月才回到学 校。在学校上了两三个月的课之后,他再次被送到外面当没有人指导、实习内容完全不对口的“学生工”。小罗说:“每次勤工俭学回去后,都会有一个星期的假 期,学校就会给我们很多招生简章,并下达任务,回家要招多少学生,如果招不够回来的话,我们的教官就会被罚钱。如果帮他们招一个学生的话,就给600元奖 金。实际上,这笔奖金不是学校支付,而是在所招到学生的实习工资里扣除。”

„Не можеш да научиш ништо на училиште“. Главниот предмет на Xiao Luo е маркетинг. Се запиша во училиштето во јули 2007 година, остана таму 5 дена и беше испратен во компанија во Шенжен како практикант. Тој работеше таму се до фебруари 2008 година, потоа се врати во училиштето на два или три месеци на курс и повторно беше испратен на работа. „Немаше никакво воведување во работното место, ние бевме само де факто работници.“ Xiao Luo рече, „Секојпат кога ќе се вратевме од нашата работа, училиштето ни даваше една недела одмор, ни ги даде сите овие училишни памфлети и ни рече да регрутираме ученици од дома. Доколку не успеевме да регрутираме доволно ученици, нашите учители ќе беа казнети. Од друга страна, имавме 600 јени бонус за едно успешно регрутирање. Всушност, парите не беа платени од училиштето, туку беа земени од нашите плати.“

按照法律规 定,实习期间的劳动报酬应该发到实习生手里。但据他们介绍,3年来,小罗及他们同学的所有工资都直接打入学校账户。…此 外,学校帮他们每个人都申请了国家补助金,两年共计每人3000元,小罗这级共有1801人。他们至今不知道这些钱长啥样子。“

Според постоечките правила, платата на практикантите треба да им биде дадена директно на учениците, но во изминатите три години, сите плати беа депонирани на сметката на училиштето… Понатаму, училиштето аплицираше за владини субвениции за учениците, и секој ученик требаше да добие 3000 јени во две години. Во одделението на Xiao Luo имаше 1801 ученик, но никој од нив не доби од владините субвенции.

Учениците исто така го користат Weibo (кинески сајт за микроблогирање) за да ги алармираат локалните медиумски работници за нивната ситуација:

对@中国新闻周刊 说:你们好!我们是贵阳市的中职学生,学校违规办学,包括学校滥收费、强迫学生长时间实习、强迫童工实习、克扣学生工资、代收和骗取国家补助金等。我们已向教育局、物价局、教育厅投诉,可教育态度搪塞,学校恐吓学生,我们媒体报导。我们有个材料,是否有邮箱给发过去。谢谢!

До@ChinaNewsWeekly: Здраво, ние сме ученици од средното стручно училиште Гуојанг. Училиштето прекрши многу правила, вклучувајќи плаќање за злоупотреба, долг период на пракса, малолетни ученици работници, задржување на платите на учениците и владини субвенции. Поднесовме жалби до Бирото за образование и Бирото за проценка. Но, ставот на Бирото за образование е амбивалентен и училиштето почна да им се заканува на учениците. Имаме доказ и можеме да ви го испратиме. Ви благодариме!

Најпосле, неколку онлајн медиуми, како што е Caixin.cn, ја проследија приказната. На 26 август, учениците обелоденија преку нивниот Weibo дека училиштето испраќа деца работници да работат во експлоататорски работилници:

我是这个学校的,2007年刚入学,才15岁,也跟着所有工人一样,每天上12小时的班,一个月只有一两天休息。那时候我们所在的工业区有一家厂的童工工伤死亡,学生童工被原来的工厂退出来了,学校又把学生集中起来,改了我们的出生日期,调到另一个工厂上班,当时候100多个同学都不满16的,有些才14岁!

Доаѓам од ова училиште. Се запишав во училиштето во 2007 година кога имав само 15 години. Како и сите други работници, мојата смена е 12 часа на ден и имав само 2 одмори во месецот. Во тоа време, имаше индустриска несреќа на индустрискиот кампус која вклучуваше дете работник и фабриката ги врати сите деца работници назад во училиштето. Училиштето потоа ги промени нашите датуми на раѓање во нашите документи и не испрати во друга фабрика. Имаше околу 100 ученици помлади од 16 години, некои имаа само 14 години!

На 8ми септември, два дена пред Денот на учителите, учениците објавија снимка, повикувајќи ги едукаторите да изразат грижа за експлоатацијата на учениците работници:

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.