Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Иран: Исчезнат блогер и две трагични самоубиства

Меѓународната кампања за човекови права во Иран повикува на итна истрага за неодамнешните самоубиства на двајца поранешни политички затвореници и соработници на Коухјар Гоударзи, активист за човекови права и блогер кој од неговото затворање од страна на разузнавачките служби на 31 јули 2011 година беше држен во изолација  во затворот Евин во Техеран.

Безбедносните сили го задржаа Гоударзи, заедно со неколку пријатели, вклучувајќи го Бехнам Ганџи, 22 годишен, на 31 јули 2011 година. Друг од пријателите на Гоударзи, Нахал Сахаби, 37 години, беше подоцна испрашувана од властите. Веднаш по нивното ослободување, Ганџи и Сахаби извршија самоубиство на 1 септември и 28 септември.

Иако секој треба да одолее да идеализира или да бара причински објаснувања за самоубиство, многу блогери веруваат дека трауматичното искуство во затворот го притисна Ганџи да си го одземе животот. Се веруваше дека парот е во романтична врска, и нивната приказна ги разгори популарните фантазии.

Блогерот Јаханзанан го избра насловот „Смртта на љубовниците“ како наслов на неговата објава во врска со инцидентот. Блогот исто така повторно објави напис од Масих Алинџеад, новинарка.

Денес е четврток. Девојка по има Нахал сака едно момче, Бехнам Ганџи. Бехнам беше пријател со Коухјар, активист за човекови права и демонстрант, кој беше уапсен заедно со него и подоцна ослободен. Кога Бехнам беше уапсен, медиумите не ја покрија неговата приказна. Тој изврши самоубиство по неговото ослободување… а сега Нахал си го одзеде животот… има многумина кои се згрозени од зборот „девојка“… но видов утринава како некои медиуми известија „Девојката на Бенхам се самоуби по него“… Спиј убава девојко…

По смртта на Ганџи, Нахал напиша поема на нејзиниот блог и исто така сподели врска до видео на Јутјуб: Сведбениот валцер на Елени Краиндроу.

Енсилос вели:

Бенхам беше под најлошиот притисок за да сведочи против неговиот пријател Коухјар. Коухјар е сеуште во затворот на режимот. Сметам дека Исламската држава е виновна за смртта на Бехнам и Нехал.

Луд борец за слобода вели:

Нехал со нејзиниот сон, прави многу од нас да се разбудат. Таа не потсеќа сите нас на вредноста на пријателството и љубовта.

Гоударзи останува во затвор, иако неговата точна локација и условите под кои е задржан се сеуште непознати. Во неговата последна објава на блогот во 2009 година, Гоударзи самиот повикува за слобода на двајца затворени активисти.

Самоубиството може да се спречи и секој кој има самоубиствени чувства треба да побара помош. Можеш да побараш помош на СОС линијата за кризни состојби на Клиниката за психијатрија (02) 3136 400, која е достапна 24/7.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.