Египет: „Буквално почуствував како куршум минува над моето рамо“

Врз египетскиот фоторепортер Mosa'ab Elshamy беше пукано, еден куршум профучи над неговото рамо и му беше украдена опремата додека поминуваше низ Rabaa Al Adawiya на 14 август, каде што мирниот протест за Морси беше насилно разбиен денеска во Каиро.

Тој го прикажува неговото искуство во серија твитови, кои ни даваат еден брз преглед за тоа како се одвивала евакуацијата на мирниот протест на Муслиманското Братство во градот Наср ова утро.

Лесно беше да стигнеш на мирниот протест во Рабаа.

Повеќе црн чад се крева од Рабаа. Всушност, можеш да го видиш речиси од сите страни во градот Наср  pic.twitter.com/jz35WHLQ9o

Таму, тој за прв пат се соочи со солзавец:

Конечно стигнав во Рабаа. Воздухот беше неподнослив од солзавец.

Хоророт кој го видел го доловил во една збирка на фотографии, којашто се прикажува на Фликр. [Внимание: Некои фотографии имаат сурова содржина, особено оние со трупови во мртовечница.]

Сцената на првата линија во Рабаа наликува на воена зона. Судирите траат веќе шест часа.   pic.twitter.com/zVeaKs76GG

ElShamy имаше „близок контакт“ со снајперистите

Најлошо е што не се знае од каде доаѓаат истрелите. Ползиш до најблискиот објект и се надеваш на најдоброто…

Притоа, не се поместува од место, правејќи фотографии, како што се интензивираат судирите:

Судирите во Рабаа се интензивираат…pic.twitter.com/atzf0rm40r

Еден куршум минува над неговото рамо. Тој твитна:

Буквално почуствував еден куршум како минува над моето рамо. Слушнав едно зуење, како џиновски комарец да патува со брзина на светлината. Морничаво.

Со тоа и со куршумите од пушка во неговиот грб, Elshamy одлучи дека е доволно за денес:

Ова, заедно со трите куршума кои ги почуствував на мојот грб, беше знак оти треба да заминам.

Но, тоа не беше крајот.

По патот, заминувајќи од Рабаа, бев пресретнат од локална самоорганизирана толпа која ми ја украде фотографската опрема. За среќа, ја имав сочувано мемориската картичка во моите чорапи.

Видете ги фотографиите на ElShamy од судирите во Каиро на неговиот Фликр профил тука.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.