Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Италија: Нетизените се навраќаат на земјотресот во Акила од април 2009

 [Сите линкови водат кон страници напишани на италијански јазик, освен ако не е поинаку наведено]

Како што се уште означуваат часовниците на многу цркви и камбанариите во центарот на Акила, во 3 часот и 32 минути утрото на 6 април 2009, земјотрес со јачина од 6,3 степени ја наруши тишината на градот кој спиеше и го уништи животот на многу од неговите жители. За да ја одбележат третата годишнина од трагичниот настан, граѓаните се собраа за меѓусебно да си помогнат и да се потсетат, создадоа многу веб страници за да го опишат и коментираат земјотресот и неговите длабоки ефекти.

Orologio fermo a L'aquila, 6 aprile 2009

Црковниот часовник застана на  3:32 часпт, на 6 април 2009 во Акила. Фотографија StazioneMIR, лиценца Криејтив Комонс BY-NC-ND 2.5

Официјалните и комеморативни посети на градот не беа недостаток; за голем број луѓе многу значајно беше присуството на Фабрицио Барка, министерот за „територијална кохезија“  [италијанското биро создадено во 2011 за координирање на акциите на локалната самоуправа и поддршка на политичката инфраструктура, во централно-јужниот дел на Италија], којшто покажа особен интерес за ситуацијата во Акила и транспарентноста во процесот на реконструкција – со голема тага и жалост, барање правда и гарантирање на реконструкција.

Во последните два дена, многумина ги споделија, пред се преку Твитер, (#laquila#terremoto#laquilapernoi#6 avril) нивните сеќавања и размислувања, изразувајќи солидарност со населението на Акила. Најчестите референции во овие твитови се однесуваа на телефонски разговор кој се случил ден по земјотресот, во текот на кој двајца бизнисмени се шегувале за настанот, желно вкусувајќи ги добрите зделки кои ќе ги склучат во изградбата и реконструкцијата. Во овој кратот видео запис, можете да слушнете извадок од разговорот.

@ermeneleutico посвети неколку стихови на градот:

Buonanotte l'Aquila / riempita di promesse / usata e abbandonata / per meschino interesse

Добравечер Акила / полн со ветувања / искористен и напуштен / за себични и ситни интереси.

Додека Марта Торес ја покажува својата солидарност со граѓаните на Акила и регионот на Абрузо:

Non dimentico mai #laquila, città distrutta il #6aprile. VERGOGNA k sia ancora una città fantasma. Tutti il mio affetto al popolo abruzzese ♥

Никогаш нема да го заборавам #laquila, градот уништен на  #6април. Штета што тоа се уште е град-дух. Сета моја љубов за луѓето од Абрузо ♥

@Bebo1936 го раскажува своето искуство од пред три години:

Tre anni fa ero a scappare per la violenta scossa di #Earthquake all’#aquila#Abruzzo

Пред три години се обидов да побегнам од силниот потрес од #Earthquake (земјотресот)  во #aquila#Abruzzo

А @DaniDBJ додава:

L'Italia che quella notte non rideva, oggi non dimentica.. #6april#laquila

Италија не се смееше таа ноќ, денес, таа не заборава .. #6april#laquila

За крај, @liv_77 опишува како граѓаните на Акила се уште не се вистински вратени во нормала:

Da 3 anni, ahimè, guardo il sito di INGV -@INGVterremoti#laquila

За 3 години кутриот јас, ја гледав веб страницата -@INGVterremoti#laquila

Многу иницијативи се покренати за да се зачува споменот на настанот. Едно видео снимено од страна на Shoot4Change и ANPAS собра гласови, слики и извештаи во живо, за да создаде простор за колективно споделување и комеморација.

Мув продукција и Ал Џезеира на англиски создадоа документарец насловен “Ritorno a L'Aquila” (Враќање кон Акила), кој денес беше емитуван од стотици телевизиски канали на интернет, координирани од мрежата Altratv.tv заедно со интернет провајдерот Тискали.

Покрај тоа, на 15 април, онлајн списанието Wired.it започна кампања за да го задржи вниманието врз итноста од тоа во Акила да се дискутира јавно за проектите за реконструкција и обнова на градот. За таа цел, имаше и баркамп организиран на главниот плоштад Дуомо. За повеќе информации и новости за организацијата на овие настани, можете да го следите хаштагот #occupylaquila на Твитер.

Групата collective 3:32, формирана неколку недели по земјотресот, објави на нејзиниот блог долг одраз на настаните кои се најрелевантни за да се карактеризираат последните три години во Акила:

Il terremoto del 2009 è stato senza dubbio una catastrofe; e quindi, come qualsiasi catastrofe nella storia dell’evoluzione del mondo, ha distrutto delle cose, delle forme di vita, ma ne ha fatte sorgere delle altre. Anzi, la sfida della ricostruzione è riuscita ad attivare dei processi di incontro e comunicazione tra le persone che prima sembravano impossibili. […] Più che restaurata, o semplicemente ricostruita, la nostra città deve essere rifondata. Battersi per L’Aquila oggi significa in primo luogo opporsi alle speculazioni edilizie e all’ulteriore consumo di suolo e territorio. […] La nostra è certamente una lotta territoriale, con la sua identità e le sue specificità, ma è anche una lotta per un modello complessivo fatto di politica trasparente, di decisioni realmente democratiche e partecipate, di rispetto  del patrimonio ambientale e culturale e sviluppo eco-sostenibile.

Земјотресот од 2009 несомнено беше со катастрофални последици; и како и секоја катастрофа во историјата и еволуцијата на светот, тој уништи многу нешта, уништи многу живи суштества, но го обезбеди патот за нови креации. Предизвикот за реконструкција овозможи некои комуникациски канали кои порано се чинеа невозможни. […] Повеќе од обновен, или едноставно реконструиран, нашиот град мора да биде повторно основан. Борбата за Акила денес значи, прво, спротивставување на шпекулациите со недвижен имот и дополнителното купување на земјишта […] Нашата битка е конкретно територијална битка, но тоа исто така е и битка за целосно транспарентен политички модел. Еден навистина партиципативен модел во кој се донесуваат вистински демократски одлуки, во кој нашето културно и еколошко наследство се почитуваат и поддржуваат.
L'Aquila still resisting. Photo by Abruzzo Indymedia under a Creative Commons BY-SA 2.5 License

Акила, се уште дава отпор. Фотографија од Abruzzo Indymedia со Криејтив Комонс лиценца BY-SA 2.5

Не недостасуваше ниту официјалниот глас, како оној на Стефанија Пезопане, советник за култура во Акила, која на информативниот веб-сајт Web Articolo21.org напиша:

Il 6 aprile resta una data diversa dalle altre perché sono passati più di mille giorni e sentiamo sulle nostre vite il peso di una precarietà e di un disorientamento che persistono. La nostra città è ancora deserta, ferita, priva di quella vita pulsante che era, poi, la quotidianità di ciascuno di noi. […] Questo non è un giorno normale proprio perché, a fianco al lutto che è impresso come una ferita nei nostri cuori, ci stupiamo della nostra forza e della speranza che ancora riusciamo a donare allo sguardo con cui cerchiamo di abbracciare il futuro.

6 април останува датум кој е различен од сите други датуми. Денес, повеќе од 1000 денови по овој датум, се уште ја чувствуваме тежината на непредвидливоста и дезориентираноста кои опстојуваат. Нашиот град сеуште е пуст, повреден, лишен од живост, која беше присутна во секојдневието на секој од нас. […] Овој датум не е обичен ден токму затоа што, веднаш до тагата којашто е врежена како рана на нашите срца, ние постојано се изненадуваме од нашата сила и се уште успеваме да гледаме на иднината со надеж.

Шетајќи низ улиците на градот и околните области, сфаќаме дека, траумата во Акила е се уште присутна и видлива, но уште посилна е огорченоста на оние семејства кои никогаш повеќе нема да ги видат своите домови, на оние кои се чувствуваат напуштени и кои мислат дека ништо не е направено доволно, дека за три години, ништо (или скоро ништо) не се сменило: шут и урнатини натрупани по улиците во центарот на градот, напукнати куќи и распаднати дворци го сочинуваат урбаниот пејсаж кој ги пречекува туристите во средновековниот бисер Абрузо.
Илјадници луѓе беа повредени, а 309 лица загинаа, од кои многумина беа студенти дојдени од цела Италија за да студираат на Универзитетот во Акила.

Трагедијата во Акила не се однесува само на човечки животи по земјотресот: имаше многу кривични истраги (некои сеуште се во тек) во врска со управувањето со итни случаи, одговорноста во врска со изборот на градежни материјали и практичноста на одредени објекти кои биле неподобни за трусно подрачје (особено на јавните објекти како на студентските домови), и во врска со лобистите и други групи заинтересирани за прибирање на дел од финансиските средства алоцирани за реконструкција на градот и целиот сеизмички кратер.

По тројната катастрофа (цунами, земјотрес, ризик од нуклеарна фузија) која се случи во Јапонија пред 1 година, може да се прават споредби меѓу Фукушима и Акила, споредби кои ги нагласуваат различните пристапи на експертите од двете земји во врска со очекувањата и научните толкувања на податоците за земјотресите.

Неколку месеци по настанот, кога спадна медиумското лудило поради кое Акила се здоби со (тажна) меѓународна слава, фокусот на вниманието се намали. Сега, три години по трагедијата, треба да се направат уште многу работи пред градот и заедницата да можат да се вратат на стабилноста која некогаш ја имале.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.