In reaction to burning churches, a little girl in Upper Egypt sketched this picture that brought tears to my eyes: pic.twitter.com/iymw3SF49R
— daliaziada (@daliaziada) August 15, 2013
Како реакција на палењето на цркви, едно мало девојче од Горен Египет ја нацрта оваа слика што ме натера да заплачам:
Египќанката Далиа Азиада, поборник за правата на жените го објави овој твит по запалувањето на неколку цркви на Коптите низ целиот Египет, по што на 14 август 2013 следеше насилна воена операција за расчистување на поддржувачите на Муслиманското Братство од мировните протести во главниот град Каиро, кадешто бараа враќање на прогонетиот претседател Мохамед Морси.
Операцијата за расчистување резултираше со смрт на приближно 638 луѓе, според египетската влада. Претставник на Муслиманското Братство изјави дека 2.000 луѓе се убиени во „масакрот“.
Повеќе десетици луѓе беа убиени на 16 август, кога поддржувачите на Муслиманското Братство се судрија со безбедносните сили за време на „Денот на Гневот“.
Прочитајте повеќе во нашата специјална репортажа Крвопролевање вο Египет.