„Јас и мојата сенка“: Заштита на податоците на интернет

Интернетот, мобилните телефони и други такви прогресивни достигнувања постанаа основен аспект на човековата егзистенција и ја поедноставија комуникацијата меѓу луѓето и ги интегрираа во нов простор. Преку регистрација на веб-сајтови, пополнување на прашалници на социјалните мрежи, или поставување фотографии на Инстаграм, ние неизбежно додаваме во севкупната база на податоци, продолжувајќи ја приказната на нашиот виртуелен живот. Луѓето со кои комуницираме, местата од кои се јавуваме, и она што го внесуваме во пребарувачите – се е несомнено доверлива информација, но е достапна не само за нас.

Постојат многу примери на искористување на податоците на Интернет корисниците. Еден од најочигледните случаи е поврзан со PRISM, американска владина програма честопати спомената во вестите денес. Овој спор заврши на суд, а компаниите многу брзо почнаа да ги енкрибираат нивните архиви со податоци. Некои бизниси успеаа да ги заштитат доверливите информации, но многу се присилени да ги прикријат владините барања, оставајќи ги нивните корисници ранливи.

За помош, многу се обраќаат на Заедницата за тактичка технологија, проект кој ги здружува технолошките професионалци, дизајнери, програмери, адвокати и активисти базирани во Европа, Азија и Африка, за прашања поврзани со правата на информации. На веб-сајтот на групата, можно е да се најде не само кои информации ги користат трети страни, туку исто така да се обезбеди одбрамбена технологија во борбата за дигитални права.

Менаџерите на Заедницата предупредуваат дека енкрипцијата е меч со две острици. Од една страна ја намалува вашата „сенка“ обезбедувајќи основно ниво на заштита. Од друга страна може да привлече повеќе внимание, доколку решите да бидете целосно невидливи. Затоа, важно е селективно да се користат достапните алатки и ресурси, кои ги има во огромен број. Веб-сајтот „Јас и мојата сенка“ ги обединува најдобрите од овие инструменти на едно место.

Скриншот од веб-сајтот „Јас и мојата сенка“

Веб-сајтот доделува категорија на секоја апликација или програма, нуди краток опис на нејзината функција и специјалност, и линк до сајтот на дизајнерот. „Јас и мојата сенка“ одобрува листа на интернет прелистувачи, а главен избор е Мозила Фајрфокс, создадена од етаблирана, непрофитна организација, а дозволува енкрипција преку неколку додатоци кои се бесплатно достапни за преземање. Како нешто интересно е тоа што Гугл Хром не претставува голема грижа за корисниците, а не е тешко за трети страни да соберат кориснички податоци преку поврзување со профилите на Гугл.

Најдобриот пребарувач според „Јас и мојата сенка“ е „Duck Duck Go“, бидејќи нема околности во кои би се споделиле вашите податоци од пребарувањето со трети страни – нешто што не може уверено да се каже за Бинг или Гугл. „Јас и мојата сенка“ исто така наведува препорачани програми за четување, имејл коресподенција, ресурси за кооперативна работа, итн. Исто така овозможува целосен каталог на други корисни алатки, и овозможува интерактивен, пријатен веб-дизајн.

Во прилог на технолошката поддршка, посетителите може да се претплатат за да добиваат известувања за важни информации. Може да откријат како се користат нивните информации, што е напишано во спогодбите за корисници, да прочитаат извадоци од меморандуми за доверливост од Фејсбук, Јаху, Инстаграм и многу повеќе.

Играта „Дилер на податоци“, која може да се најде во делот со ресурси на сајтот, е особено интересна.  Во играта, корисниците мора да изградат нивна сопствена империја од информации користејќи ги сите потребни средства, продавајќи информации на осигурителни компании и клучни заинтересирани групи, обезбедувајќи заштита од хакери, активисти и масовни медиуми. Иако е преувеличена, играта навистина ја покажува работата на овој незапирлив, огромен систем.

Напишано од Кирил Алексеев. Оригиналниот текст е достапен на веб-сајтот “Теплицы социальных технологий” (Оранжерии за социјални технологии).

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.