Арапски свет: Продолжува дебатата за Твитер наспроти Фејсбук

Вечерва се развива дискусија на Твитер, споредувајќи го сајтот за микро блогирање каде корисниците може да објавуваат пораки од 140 букви, со сајтот за социјално вмрежување Фејсбук. Еве некои од забелешките од корисниците на Твитер на Средниот Исток, кои ги споделуваат своите мисли на тема која е светски актуелна на Твитер.

Од Каиро, Амна Амер твитна:

@Amnamamer: #TwitterVsFB избираш кого да следиш бидејќи си сигурен, на ФБ мора да ја прифатиш секоја покана за пријателство бидејќи во спротивно ќе ти замерат!

Египќанецот Ваел Гхоним, кој се прослави по тоа што беше уапсен во раните денови на египетската револуција, забележа:

#TwitterVsFB a worldwide trending topic tonight

#TwitterVsFB светски популарна тема вечерва

@Ghonim: Едностраната врска на Твитер прави многу луѓе да се обидуваат да бидат поуникатни и помалку секојдневни за да обезбедат повеќе следбеници #TwitterVsFB

Египетскиот архитект Басем Салем, кој живее во Доха, Катар, прашува:

@BasemSalem: و لما الهاكرز يدمروا الفيسبوك هانبات في الشارع يعني ؟؟ @NodaFouda @sare7flkoun #TwitterVSFB الفيس هو البيت تويتر هو القهوة”
@BasemSalem: Кога хакерите ќе го уништат Фејсбук, дали ќе останеме на улица? Фејсбук е нашиот дом а Твитер е нашето кафуле.

И Ахнед Авадала, исто така Египќанец од Каиро, забележува:

@3awadalla: Околу 8.5 милиони корисници на Фејсбук во #egypt но само 130000 корисници на Твитер. #TwitterVsFB

Во меѓувреме, Египќанецот Мохамед Диаб не потсетува:

@Mohameddiab678: #TwitterVsFB فيس بوك اللعبه بتخلص عند ٥٠٠٠ صديق .. تويتر إغراء لعبه الفلولورز لا تنتهي
@Mohameddiab678: Со Фејсбук играта завршува на 5,000 пријатели. На Твитер, предизвикот за стекнување повеќе следбеници никогаш не завршува.

Од Доха, Катар, Силвија Аиман одлучи:

@S_for_Slyvia: #TwitterVsFB خلاصة الموضوع.. Твитер ми се допаѓа многу повеќе од Фејсбук.

@S_for_Slyvia: Суштината на прашањето.. Твитер ми се допаѓа многу повеќе од Фејсбук.

Таа понатаму додава:

@S_for_Slyvia: #TwitterVsFB Twitter: помалку безбедност, повеќе пристојни луѓе .. Фејсбук: врвна приватност и џган насекаде!

Назад во Египет, Египќанката Шаима Калаф заклучува:


@shaymaakhalaf
: Фејсбук е местото каде ги лажете вашите пријатели. Твитер е местото каде сте искрени со непознатите.#TwitterVsFB

И Амира Салах, исто така Египќанка, забележува:

@amira_salah: #TwitterVsFB Фејсбук ве тера да ги мразите луѓето кои ви се блиски, Твитер прави да ги сакате луѓето кои никогаш не сте ги запознале

За повеќе реакции, ве молиме проверете го хаштагот #TwitterVsFB

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.