Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Кореа: Што знаеш наспроти колку знаеш

Блогер прикажува графикон и зборува за тоа што значи знаењето и како можеш да го надградиш истото.

За луѓето, времето и можностите се ограничени. Поради тоа е невозможно за се да имаш длабоки знаења. Како што прикажува графиконот, Хоризонталната оска покажува колку е длабоко твоето знаење, а вертикалната оска демонстрира до која граница е твоето знаење. Колку повеќе оди линијата кон десно, толку подлабоко е твоето знаење. Што повисоко оди линијата, поседуваш помудро знаење. Интересно е кога ќе видиш каде се координатите на “Ph.D, границата на знаењето која ја покажуваат е потесен од студентското и магистарскиот степен кој го имаат студентите . Тоа може да биде протолкувано дека тие знаат само од сферата на своето подрачје.

Би сакал да го објаснам графиконот во вид на формула .

а (подрачје) + б (длабочина) = ц

(Овде, а>0, b>0 и ц е константа. Понекогаш може да биде негативен број.)

Во зависност од луѓето, броевите од а,б,и ц се различни. Ако подрачјето на знаење е поголемо, длабочината станува потенка. Но мораме да го земеме во предвид значењето на ц. Ако бројот ц се зголемува , подрачјата и длабочината секако можат да бидат поголеми. Додека учиме и размислуваме за светот повеќе, способноста ќе биде поголема. Ние не се здобиваме со знаење само на едно подрачје, туку и капацитетот кој ќе го земеш во предвид е поголем. Вредноста на ц ќе ја дознаеме со време и труд. Ако правиш напори, вредноста ќе биде поголема. Учиш едно подрачје. Благодарејки на тоа, на крајот ќе можеш да разбереш друго подрачје. Јас сфатив дека ова е можно бидејки вредноста на ц станува поголема.

Апсолутно се сложувам. Иако се трудам да го зголемам ц , чувствувам дека а е единстевна вредност што се зголемува во денешно време.

Додека учиме општо, професионално знаеш само за своето подрачје. Мислам дека е важно. Ако знаеш општо, тоа значи дека го сфакаш своето подрачје ц од повеќе различни перспективи.

 

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.