Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Јужна Кореја: Теорија на личност според крвна група, како функционира

Во кои земји од светот секој си ја знае својата крвна група? Одговорот мора да биде Јапонија и Јужна Кореја. Значителниот интерес за крвните групи во двете земји постана нешто како постојана шега, особено кога ќе се спореди со западните земји во кои многу луѓе не ја знаат – ниту се интересираат – за нивната крвна група.

Иако, очигледно ширум Азија, „теоријата на личност според крвна група“ никаде не се почитува толку многу како што се случува во Јапонија и Јужна Кореја, со книги, стрипови, песни, производи на распродажба, сите тие базирани на идејата. Во Јужна Кореја, луѓето на својот профил на Фејсбук може да ја додадат и својата крвна група заедно со други важни лични информации.

Иако овој тренд некако избледи во текот на изминатите години, неговата популарност е сеуште голема, и некако еднаква со онаа на хороскопите во западните земји.

Теорија на личност според крвна група

Според теоријата, човечката крвна група АБО го предвидува нивниот карактер, темперамент и компатибилност со другите. Придавките кои најдобро ги опишуваат карактеристиките на секоја крвна група се следните: Тип А се внимателни но срамежливи, тип Б се креативни но чудни, О се дружељубиви но неорганизирани, а тип АБ се рационални но пресметливи.

Сликите подолу, создадени од цртачот Парк Донг Сан, покажуваат како секој тип се однесува во одредена ситуација. Цртежите на Парк за личностите според крвната група често се објавувани на најголемиот интернет портал во Јужна Кореја, Naver.com.

Иако има критики дека неговите дела често пати премногу ја поедноставуваат комплексноста на човековите лични особини, сепак тие се прилично сакани од Корејците. Сликите подолу се од неговиот блог, не од неговата официјална страница со цртежи на Naver. (Повеќето од неговите цртежи кои кружат онлајн се првично објавени и платени од Naver и поради тоа се заштитени со авторски права.)

ABO blood types on a summer vacation: The B Type is seen as fully enjoying the moment, the Type A is putting quite a lot of effort into building a sand castle, and Type AB is located very far from the group. Image from Cartoonist Park's blog (CC BY NC ND).

АБО крвните групи на летен одмор: Типот Б може да се види како целосно ужива во моментот, типот А вложува прилично многу напори за да изгради песочен замок, а типот АБ се наоѓа навистина далеку од групата. Слика од блогот на цртачот Парк (CC BY NC ND).

The most organised, Type A, softly complains about who packed the vacation baggage, Type AB points at Type O and B for lousy packing. Type O and B are busy playing in the sea. Image from Cartoonist Park's blog (CC BY NC ND).

Најорганизираниот, тип А, тивко се жали за тоа кој го спакувал багажот за на одмор, типот АБ покажува на типот О и типот Б за лошото пакување. Типовите О и Б си играат во морето. Слика од блогот на цртачот Парк (CC BY NC ND).

Short-tempered Type O is cooling off by sitting right in front of an electric fan, very noisily and repetitively complaining about the weather. Type B, so irritated, is on the verge of hitting Type O. Type AB is paying no attention to any of them. Image from Cartoonist Park's blog (CC BY NC ND).

Избувливиот тип О се лади со седење веднаш пред електричниот вентилатор, гласно и постојано жалејќи се на времето. Типот Б, изнервиран, е на работ да го удри тип О. Тип АБ не обраќа внимание на ниту еден од нив. Слика од блогот на цртачот Парк (CC BY NC ND).

Type AB, the rarest blood type, is always pictured as a sort of outsider, even an alien sometimes. In the image, AB is riding on a UFO while others are sitting on the ground. Image from Cartoonist Park's blog (CC BY NC ND).

Тип АБ, најреткиот тип на крвна група, е секогаш прикажан како своевиден аутсајдер, дури и како туѓинец. На сликата, АБ се вози на вселенски брод, додека другите седат на земјата. Слика од блогот на цртачот Парк (CC BY NC ND).

За да откриете повеќе детали за карактеристиките на секоја крвна група, прочитајте го овој напис на Глобал Воисес напишан од Хиеџин во 2007 година.

USBs based on the characters from the blood type cartoons. Image from Cartoonist Park's blog (CC BY NC ND).

УСБ базирани на ликовите од цртаните за типовите на крвни групи. Слика од блогот на цртачот Парк (CC BY NC ND).

Безопасна забава или лошо верување?

Иако безопасно, слатките сликички се присвоени за да се објасни карактерот на крвната група преку цртежи, самата теорија е верување од темното минато. Често се поврзува со научниот расизам најпрвин употребен од нацистите а подоцна од јапонските империјалисти со цел да се промовираат идеи на надмоќност над различни раси или земји во текот на 1920-30тите години.

Кога австриските научници први ги пронајдоа четирите типа на крвна група, тоа беше навистина револуционерно истражување кое подоцна спаси безброј човечки животи спречувајќи да добијат погрешна трансфузија на крв. Како и да е, подоцнежните истражувања открија дека различните крвни групи се распределени непропорционално ширум светот и ова предизвика некои расистички, империјалистички истражувачи да објават нестатични извештаи за теоријата на личност според крвната група.

Едно познато истражување било направено од јапонскиот научник Фурукава, кој се фокусирал на расните карактеристики на тајванците кои се противеле на јапонскиот империјализам. Истражувачот заклучил дека бидејќи повеќе од 40 проценти од тајванците имале крвна група О, за која се верува дека е најмалку потчинет тип, тие треба да ја разредат „бунтовничката крв“ во земјата со зголемување на бројот на бракови со јапонци.

И покрај тоа што многу јапонски академици ја отрфрлија теоријата поради недостигот на научна основа, таа некако успеа да преживее преку неколку сензационалистички публикации, со помош на истрајниот медиумски интерес. Започнувајќи од доцните 1990ти, оваа мода се прошири во Јужна Кореја, здобивајќи голема популарност во раните 2000те, и е позната уште оттогаш.

Јужнокорејскиот блогер Ера на масовна продукција тип романса го изрази корејското јавно расположение кон теоријата. Иако блогерот призна дека на теоријата на личност според крвната група и недостигаат научни докази, неговото искуство го убедило дека тоа е сигурен начин да се категоризираат луѓето:

그런데 문제는 “실제로 겪어보면 맞는데 어떡해” 라는 거다. 물론 안 그런 예도 전무한 건 아니다. 에이형이라도 되게 직설적이고 제할말 다하는 사람 물론 있고 오형이라도 꽁생원에 좀팽이인 사람 없는 건 아니다. 하지만 […] 사람 다루는 입장에서는 사실 혈액형만큼 편한 잣대가 별로 없다. […] 과학적 근거 같은 걸로 잴 수 있는 건, 잴 수 없는 것보다 훨씬 적다 이말이다.

[Покрај сите критики] се докажа како точно во повеќето случаи. Секако, има исклучоци. Имам сретнато тип А личност која е многу директна и тип О личност која е голем фанатик и воопшто не е опуштена. […] Но кога се третираат други луѓе, не постои друг стандард кој е попогоден од одредувањето на личноста според крвната група. […] Постојат многу работи во светот кои неможе да се измерат или целосно објаснат од науката.

Блогерот Unalpha некогаш бил голем верник во одредувањето на личностите според крвна група, но не повеќе. Блогерот анализира дека помеѓу неколку алатки, кои прават теоријата на личност според крвна група да звучи веродостојно, е Методот на ладно читање, кој е серија на техники користени од видовитите, претскажувачите на судбината и измамниците со цел да се убедат луѓето дека тие ги разбираат:

대범한 척하지만 은근히 마음이 깊고 소심한 구석이 있어서 이미 결정한 일에 대해서도 괜히 “정말 이 말이 맞나?” 하고 혼자서 되돌아보는 날들이 있을 거에요. 타인에게 상냥하고 친구들관계도 나쁜 편은 아니지만 실제로 속내를 다 보여주는데는 꽤나 오랜 시간이 걸리죠[…] 위의 글을 읽으시면서 끄덕끄덕 하시게되지 않나요? 사람에게는 누구에게나 양면성이 있습니다. 늘 대범한 사람에게도 사실은 말못할 소심함이 있고, 털털하다고 느끼는 사람에게도 나름 세심한 구석이 숨겨져있기 마련이죠.

Вие сте некој кој дејствува храбро, но во себе, вие сте промислен и внимателен што дури и за одлуки кои веќе сте ги донеле ќе размислите и ќе се прашате „дали го направив вистинскиот избор?“. Вие сте добри со другите луѓе и одржувате добри односи со нив, но потребно е некое време за да ве запознаат вистински.[…] Мора да климнавте додека го читавте овој параграф. Тоа е затоа што луѓето имаат различни аспекти. Дури и најхраброто момче може да биде неодлучно и опуштените личности кои понекогаш се чинат одлучни можат да бидат навистина промислени на некое ниво.

Овие реченици се дефинирани во изјавата Барнум, отворена изјава која се чини лична, но сепак се применува на многу луѓе. Блогерот Wawoooo, користејќи пример за ученик кој одбива да зборува пред класот бидејќи е срамежливиот тип А крвна група, ја обвини улогата на колективизамот во корејското општество поради зацврстување на јавното верување во одредувањето на личностите според крвната група:

우리나라와 일본과 같이 집단주의 사상을 교육받고 있는 나라에서는 주위의 의견과 서로 어울림을 중요시하는 공동체 의식이 강하기 때문에 나이많은 어른들이나 주위의 집단의견을 무시하지 못하고 받아들여야만 하는 성향이 강해 이런 혈액형 성격론의 여파가 상대적으로 큰 문제를 불러일으키고 있다.

Во Јужна Кореја и Јапонија, две земји со силно чувство на колективизам, луѓето се учени и тренирани да ја ценат повеќе групата отколку индивидуалците. Сложувањето со другите и мислењата на другите во врска со вас се многу важни. [Откако верувањето во одредувањето на личноста според крвната група се вкорени во општеството] ефектите од истото може да се максимизираат, бидејќи индивидуите се честопати принудени да прифатат како другите, постарите и нивните групи ги перцепираат и да се однесуваат соодветно.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.