Во последното интервју за време на едно случување во Лондон, Џастин Бибер ја нарече Индонезија „една случајна земја“ и не е чудно што оваа изјава стана хит на Твитер во последната недела од Април.
Кога го објаснуваше процесот на создавање на една од неговите нови песни, Бибер кажа дека била снимена во „една случајна земја“. Неговиот менаџер, Скот Браун, дофрли дека песната е снимана во Индонезија. „Ја снимив во едно студио. Некое мало место. Не ни знаеа што прават,“ продолжи Бибер.
Бибер има голем број на обожаватели во Индонезија. Минатата година, тој одржа еднодневен концерт во Џакарта, посетен од десет илјади луѓе. Неговото слабо познавање на географијата им ги скрши срцата на многу обожаватели и го направи лесна мета за задевање на интернет.
И други корисници на интернет ја искритикуваа супер ѕвездата:
@BarryLikumahuwa Случајна земја? Фала Бибер, за информација ние го имаме најголемиот џез фестивал, поголем и од Монтреал Џез Фест во Канада… уаа!
@anonbeliebers Обожавател на Бибер признава: Џастин Бибер кажа дека Индонезија е само некоја случајна земја… тажен сум! 🙁
@kartika_mariana немој да и даваш на мојата прекрасна земја епитет „случајна“. Ти си ништо без твоите обожаватели од земјава. Разбери дете! @justinbieber
@kartika_mariana овде, во случајнава земја ти имаш обожаватели! Твојата изјава може многу да ги растажи. @justinbieber
@mariastephani само да знаеш @justinbieber .. ја нарекуваш мојата земја СЛУЧАЈНА… Знам дека се извини. Но, ПРЕДОЦНА Е
@thaliaviotama #ГОМРАЗАМЏАСТИНБИБЕР затоа што рече „случајна земја’ за Индонезија. Искрено, едноставно не ми се допаѓаат неговите зборови.
@AcilEnor Велиш Индонезија е случајна земја!!! Тогаш и ти си случаен пеач!! Ти си момче без карактер!! Лалалалалаалаа
@INDOADOREBIEBER ТОЈ мислеше дека Бали е име на држава и заборави да каже Бали, па рече „една случајна земја“
И последно, но не помалку важно, имаше и такви кои ја бранеа младата ѕвезда:
@pwgdochi Random country kan artinya bukan negara ga jelas, tapi dia (menurut berita) rekaman di negara acak yg ga direncanakan, y u so stupid.