Либија: Страв и хаос на аеродромот во Триполи

Овој текст е дел од нашето посебно покривање на Побуни во Либија во 2011 година.

Страв, хаос, хистерија, очај- сите овие зборови се употребени за опишување на аеродромот во главниот град на Либија, Триполи, во изминатите неколку денови. Откога почнаа побуните против лидерот на замјата, полковник Моамер Ал Гадафи, ноќта на 16 февруари (#17 февруари), Либија е во несигурна состојба.

Илјадници странски државјани, најмногу иселенички работници, се обидуваа да побегнат од земјата, собирајќи се на аеродромот во Триполи за да фатат некои авионски летови.

Оваа снимка од Ал Џезеира го опишува хаосот што го доживуваат патниците на аеродромот:

Реакции на Твитер

Еве неколку описи на аеродромот во Триполи за време на кризата, од Твитер, 0д 24 февруари, 2011 година:

@acarvin „Аеродромот е само зоолошка градина. Има околу 10 луѓе, сите обидувајќи се да побегнат“- Иан Блек за БиБиСи, во врска со аеродромот во Триполи

@SiconianGirl Хаос на аеродромот во Триполи, илјадници  луѓе, нема објекти, само еден тоалет, нема храна и сите патеки до аеродромот се затворени. #Либија ќе биде ослободена

@aseemrastogi2 Опасни времиња! Аматерска снимка го доловува хаосот на аеродромот во Триполи http://bit.ly/hdAG8H

Од 25 февруари, 2011 година:

@vali_nasr На аеродромот во Триполи има атмосфера како во „Пеколот на Данте“ http://tinyurl.com/4rgljrz #Libya

@Addickbitch_hut Турист на аеродромот во Триполи – „Вашиот најлош кошмар за поп концерти и фудбалски силеџии, сите измешани во едно. Тоа беше неверојатно“.

На Фејсбук, Шахризал Џулкифли го опишува неговото искуство во обидот да побегне од Либија:

сега во Тунис откако успеав да излезам од Либија со авион по 12 часови маки, страв, студ и брутална ситуација на аеродромот во Триполи… сега чекам за следниот превоз… можеби до Рим… голема благодарност до малезиската амбасада и Тунис Ервејс што не извлекоа нас…

Пријавени злосторства

Фрустрирани и исплашени патници, очигледно, не се соочија само со несигурноста за заминување, туку и со различни форми на злосторства пријавени на аеродромот. Од 24 февруари, 2011 година:

@Matchbox20 #либиски полицајци ги уценуваат #Египќаните и им ги земаат парите на #аеродромот во Триполи за да ги пуштаат да си одат да ги фатат нивните летови, Ве молам раширете го ова.

Jurunilai Pemimpin Umno детално ги објаснува на Фејсбук новите трошоци со кои се соочуваат странците:

ЛИБИЈА – „Знаци на изумирање и крај на режимите што сум ги видел некаде се случуваат сега. Луѓето бараат мито. Ако сакаш да направиш нешто на аеродромот, тоа ќе те чини. Такси превоз до аеродромот во Триполи што чинеше 20 долари, сега чини 200 долари“.

И од 25 февруари, 2011 година:

@sneakinghorze „Ние моравме да го поткупиме либиското обезбедување што контролира одредени улици во Триполи, за да стигнеме на аеродромот“, Магед Ахмед, Каиро

@gwkell Персоналот на аеродромот во Триполи бара „посебни плаќања“ за заминување од Либија- Секојдневно патување во Велика Британија: аеродромот во Триполи… http://bit.ly/feLqzw

@itv_news ФЦО: „Службениците на аеродромот во Триполи наплаќаат за услуги, како што се справување во авионот. Во тековната ситуација, овие наплаќања се зголемени“.

Предизвикувачки патувања

Некои авиокомпании и фирми ги отпуштиле нивните вработени, бидејќи им било соопштено дека лошо се однесуваат со патниците; други патници се чувствувале изневерено од начинот на кој нивните влади се справувале со ситуацијата:

@ks1141 Еџипт Ер во Триполи исфрли бремена жена и покрај тоа што имала важечки билет за бизнис класа! Сè уште е заглавена на аеродромот во Триполи. (24 февруари)

Џејми Холден (преку Фејсбук на 24 февруари):

Можете ли да замислите како им беше на Британците на аеродромот во Триполи, каде што им беше кажано од страна на нафтената компанија од Велика Британија дека нивниот чартер лет за евакуација треба да го платат ако не се  персонал на компанијата !!!!!! Сосема неверојатно! Краде Велика Британија. За ова треба парламентарна истрага и кој и да ја донел оваа одлука треба да помине долг одмор на задоволство на Нејзиното височество!

Суреш Гојал (преку Фејсбук на 25 февруари):

Дипломатски претставници од повеќето земји се на аеродромот во Триполи, што ги олеснува спасувачките операции. Нема ниту еден индиски офицер, вели повратник од Либија, ако може да му се верува на повратник од Либија во Котајам. Армијата има земено многу Индијци за заложници. Мала или воопшто никаква помош од индијската мисија.

@theprovince Канадски авион за евакуација замина празен од Либија. Немаше Канаѓанци на аеродромот, вели еден службеник: http://bit.ly/hIEtRW (25 февруари)

Некои целосно го избегнаа аеродромот со тоа што ја напуштија Либија преку соседните земји:

@Towntwinner RT @britishabroad: Ние имаме екипи на аеродромот во Триполи, на HMS Cumberland и на границата на Египет со Либија. За помош јавете се на 021 3403644/45 (25 февруари)

@allawati Слета во Алекс. На аеродромот во Бурж ал Араб има стотици луѓе од Тунис, кои побегнале од Либија. Патуваа источно од Бенгази за да летаат западно од Тунис (25 февруари)

Секоја информација за авионите што доаѓаа им даваше свежа надеж на оние кои беа заробени на аеродромот. Еден од најважните извори е веб-локацијата RadarVirtuel.com што го дава онлајн тековниот авионски сообраќај. Веб-локацијата дава клучни детали за летот, тековната положба на авионот во воздухот, времето на тргнување и пристигнување и почетната и крајната дестинација:

@clandestinooooo Еден авион на француската армија CTM0209 кон Триполи http://www.radarvirtuel.com/ [22 февруари]

Овој текст е дел од нашето посебно покривање на Побуни во Либија во 2011 година.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.