Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Мароко: Жените го слават меѓународниот ден

Овој текст е дел од специјалната репортажа Протести во Мароко во 2001 година

Жените од Мароко, како и другите жени низ светот, денес ја слават 100 годишнината од Меѓународниот ден на жената. Тие веќе долго време се во првите редови во борбата на граѓанското општество за подобар и подостоинствен живот. И како што „треската“ на слободата, инспирирана од „Арапските револуции“, продолжува да се шири низ Средниот исток и Северна Африка, феминистките од Мароко ги зафаќаат улиците, осигурувајќи се дека половата еднаквост и еманципацијата на жените се дел од агендата за промени.

Во 2004 година, како одговор на постојаните жалби и долгата борба на граѓанското општество, мароканската влада донесе закони за да се изгради свест за правата на жените и тие да се зајакнат политички и економски. Седум години по спроведувањето на Moudawana или Семејниот законик, многу луѓе гледаат мало подобрување на општествениот статус на жените. Смртоносен настан дејствуваше како страшен потсетник на таа алармантна реалност, кога во средината на февруари Фадуа Ларуи, млада самохрана мајка, се саможртвуваше на јавно место во знак на протест поради нејзината безнадежна социјална положба.

Жените демонстранти денес излегоа на улиците и беше организирано бдеење во чест на споменот на Фадуа Ларуи, во срцето на Казабланка, најголемиот град во земјата, од каде што овие фотографии беа испратени од Фериат Махџуб преку Твитер:

@Feryate: كلنا فداء فدوى الشهيدة http://twitpic.com/47jazi

Сите ние сме подготвени да се жртвуваме за маченичката Фадуа http://twitpic.com/47jazi

Бдеење во сеќавање на Фадуа Ларуи

@Feryate: صورة من الوقفة التضامنية مع فدوى العروي بالبيضاء

Фериат: Фотографија од протестот во спомен на Фадуа Ларуи во Казабланка

Протест во спомен на Фаруа Ларуи

Фериат ја објави и оваа фотографија од истиот собир, на која се прикажани жени (и мажи) кои носат плакати на коишто се напишани нивните барања:

Еднаквост и здравство за жени

Во мароканската блогосфера, мажи и жени блогери пишуваа за овој Меѓународен ден.

Марокиа (Сана) е една од најпопуларните марокански блогери. Таа ја сподели оваа мрачна перспектива:

لا تبحثي أبدا عن المساواة، واستجدي العدل إن وجدته. ابحثي عنه في ذاتك ولا تطمعي إلا في راحة بال تكتفين بها. وكفاكِ هتافات ونداءات ساخرة… فالمرأة مرأة والرجل رجل.

Жените никогаш не бараат еднаквост, само молат за правда. Барај го тоа во себе и биди задоволен со душевниот мир. Доста се слогани и бесмислени жалби… Жените се жени, а мажите се мажи.

Аграс е фотограф и блогер. Тој пишува:

Cette journée est à dédier a Fadoua Laroui qui pour des raisons et d’autres s’est donnée la mort en criant son désespoir devant l’injustice des hommes et du système

Ово ден е посветен на Фадуа Ларуи, која од многу причини изврши самоубиство, врескајќи за неправдата од мажите и од системот.

Цитојен Хмида избра да пишува за мароканските жени сликари. Тој на неговиот блог објави слики од делата на некои од нив. Цитојен Хмида пишува:

En ce 8 mars, journée internationale de la femme, j’ai voulu rendre hommage à la femme marocaine, mais sans me lamenter sur son sort et sans instrumentaliser la misère profonde que vivent au quotidien une grande partie de nos concitoyennes.

На овој ден, 8 март, Меѓународниот ден на жената, сакам да им оддадам почит на мароканските жени, но без осудување на нивната судбина и без искористување на големата и секојдневна сиромаштија искусена од страна на некои од нив.

На Твитер, Мерием е победничка. Таа пишува:

@meriemk: Во Мароко, за Меѓународниот ден на жената, филмовите се бесплатни за жените.

Навистина, денес вратите на театрите се бесплатно отворени за жените ширум Мароко. Среќен ден на жената!

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.