Сингапурските библиотеки не сакаат децата да читаат за Пингвинот Танго и неговите двајца татковци

Many Singaporeans reacted strongly to the banning of the three children's books. As a protest, they gathered in front of the National Library Board where they read the banned books, including the 'gay penguin book'. Photo by Olivia Tan from the Facebook page of 'Lets read Together'

Многу Сингапурци силно реагираа за забраната на трите книги за деца. Како протест, тие се собраа во просториите на Националниот библиотекарски одбор каде ги читаа забранетите книги, вклучувајќи ја и „книгата за геј пингвинот“. Фотографија на Оливија Тан од Фејсбук страницата на „Да читаме заедно“

Сингапурскиот Национален Библиотекарски Одбор (НБО) ги забрани и уништуваше копиите од трите книги за деца во кои се зборува за истополови парови и посвојување откако доби поплака дека книгите не се „про-фамилијарни“.

НБО ги отстрани книгите „Тројца заедно со Танго“, „Кој е во твоето семејство“, и „Експресниот воз Белиот лебед“. „Тројца заедно со Танго“ е базирана на вистинска приказна за двајца машки пингвини кои израснале младо пингвинче како нивно во њујоршката зоолошка Централ Парк.

Тео Каи Лун, член на Фејсбук групата наречена „Ние сме против Розевата точка Сингапур“, пиша на НБО за несоодветноста на вклучувањето на трите книги во детската секција. Розевата точка е годишна прослава во Сингапур која промовира диверзитет, толеранција и прифаќање на ЛГБТ заедницата.

Тај Аи Ченг, заменик-директорот и главен библиотекар во НБО, брзо одговори со отстранување на книгите од библиотеката. Таа исто така им одговори на оние кои праќале поплаки дека „НБО зазема силен про-семеен став во селекцијата на книгите“.

Одлуката беше пресретната со жестоки реакции од читачката публика, особено од мајките и академците. Едукаторот Рејчел Зенг ги повика НБО да оддолеат на заканите на конзервативното малцинство:

[…] како ресурсен центар на знаење, Националниот библиотекарски одбор (НБО) треба од одржува разновидна колекција на читачки материјал во вашите библиотеки кој ќе се погрижи за сечии образовни потреби на возраст од дури 18 месеци, па се до оние кои имаат над 60 години и повеќе. Не треба да ја ограничи достапноста на знаење додворувајќи се на стандардите на конзервативно малцинство.

Некои нетизени реагираа за тоа како Фејсбук група можела да ги убеди НБО да наредат отстранување на книги. Хелен Сцида праша:

[…] ако овие книги ги поминале тестовите за иницијална селекција на библиотекарската организација пред се, зошто една Фејсбук група, од се можно, има доволно моќ да побара нивно отстранување?

Др. Џастин Ричардсон, еден од авторите на „Тројца заедно со Танго“, во интервју за Граѓанинот онлајн кажа дека акцијата на НБО испрати „морничава порака за ставот на владата кон слободата на изразување генерално, а особено кон геј личностите и лезбејките“.

Многу сингапурски автори пренесуваат слична порака и некои од нив веќе ги бојкотираат настаните спонзорирани од НБО. Минатата недела, повеќе од 400 луѓе се собраа пред НБО да учестуваат во јавно читање и да протестираат. Тие исто така дистрибуираа копии од забранетите книги.

Јашуат, која е мајка, верува дека НБО реагираше во спротивност со нивната законска мисија да го промовираат знаењето:

Забраната од НБО и нивната последователна одбрана на нивните акции прикажува многу тесна дефиниција за семејство. Повторно, ова е во спротивност со провомирање на знаењето, една од мисиите на НБО. Дали гејовите не се делови од семејства, не се нечии деца, браќа, пријатели? Со забранувањето на книгата, НБО изреагира глупаво и попушти под притисокот на личните верувања и систем на вредности на мала група Сингапурци. Со тврдоглава одбрана на нивната акција, НБО одобрува и го поддржува тој тесноград поим за семејство.

Отворено писмо напишано од Нг Ји Шенг, Лим Џиалианг и Лијан Чен ги обвини НБО дека се неодговорни и нечесни. Родителите кои не сакаат нивните деца да ги читаат овие книги ја имаат можноста да не ги позајмуваат, рекоа тие.

The 'Let's read Together' event gathered 400 people in front of the National Library Board. Image from Facebook event page

Настанот „Ајде да читаме заедно“ собра 400 луѓе пред Националниот библиотекарски одбор. Фотографија од Фејсбук страницата на настанот.

Во меѓувреме, „Шлакнатото дуо“, друг родител-блогер, го разбра резонирањето на библиотеката, но не се согласи со нејзината одлука да ги уништи книгите:

Да се забранат за да се заштитат младите е едно, да се уништуваат книгите е налик лов на вештерки, каде и невините исчезнуваат со виновниците. …Едноставна алтернатива би била да се преместат во одделот за млади возрасни, во кој во препорачаната возрасна група, некој би можел самостојно да просуди за содржината на книгите.

Јакоб Ибрахим, сингапурскиот министер за комуникации и информации, ја бранеше НБО. „Јавните библиотеки служат на заедницата и во право се да ги земаат нормите на заедницата“, рече тој. „Нормите кои преовладуваат, кои големото мнозинство од Сингапурците ги прифаќаат, поддржуваат учење на децата за конвенционални семејства, но не и за алтернативните, нетрадиционални семејства, тема на која се книгите за кои зборуваме“.

Проблемот ја потенцираше континуираната конфронтација помеѓу конзервативните сили и заедницата во пораст која ја прифаќа геј заедницата и се залага за ЛГБТ правата. 

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.