Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Србија: Блогерите го дискутираат апсењето на Радован Караџиќ

Само неколку дена по 13тата годишнина од масакрот во Сребреница, во кој повеќе од 7,000 луѓе, повеќето муслимани, беа убиени, Радован Караџиќ, поранешниот претседател на Република Српска, е уапсен.

Ноќта на 21-22 јули, многу големи странски и скоро сите медиуми од Србија веднаш објавија извештаи за апсењето.

Многу од блогерот од српската блогосфера беа изненадени од веста. Следуваат неколку нивни реакции.

На неговиот блог, Ко од Слики и случувања напиша [SRP]:

Додека подготвував извештај за мојата посета на Портланд, наидов на веста дека Радован Караџиќ е уапсен. Едноставно не можев да верувам дека тоа е вистина, но веста е објавена на сите веб страници.
[…]

Хуг Грифитс, Б92 блогер, го напиша следново:

Многумина од нас мислеа дека нема да го дочекаме овој ден, дека несветото тројство од тајната полиција, криминалците и свештениците кои те штитат, ќе осигури долготрајна слобода до последниот ден. Но за среќа, дури и песимистите грешат, барем за некои случаи. […]

Блогерот Дунхусбун од АКУЛТУРА го искажа своето задоволство [SRP] за веста за апсењето на Радован Караџиќ:

[…]Мило ми е што оваа влада е подготвена и има намери да се соочи со проблемите кои сѐ уште ја влечат Србија во пеколот од 90тите. […]

Миша од блогот Доктор го критикува Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија (ICTY), но напиша дека иако не верува во неговата правда, ја сака Србија повеќе од Радован Караџиќ:

[…]Без разлика колку и да е лоша репутацијата на трибуналот во Хаг поради ослободителната пресуда за Рамуш Харадинај и Насер Ориќ и без разлика дали Радован Караџиќ е невин (Господ ќе му помогне да го докаже тоа?), Србија е секогаш на прво место за мене. […]

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.