Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Кина: Граѓаните новинари се подготвуваат за Олимпијадата

Слободниот граѓанин новинар Зуола кажа [zh] дека ќе биде таму, религиозните екстремисти ќе бидат таму, странските медиуми изгледа ќе бараат локални стрингери (слободни новинари), а иновативните веб 2.0 компании се убедени дека за време на Олимпијадата наредниот месец, ќе се случи нешто што заслужува да биде влогирано (видео блогирано) и затоа даваат бесплатни работи, без оглед на фактот дека има обид да се забрани било какво снимање на олимписките настани.

Може ли да кажеме дека секој граѓанин новинар од областа треба веќе да ги привршува своите планови за да биде во Пекинг на 888? Доколку вие не планирате, сега е време да размислите повторно. Минатиот месец, глобалниот сајт за граѓанско новинарство, ГраундРепорт објави награда од 500 долари и најдоброто место на нивната почетна страница за најдоброто видео од граѓанин новинар кое ќе се сними нареден месец:

„Бидејќи пекиншките Олимписки игри ќе бидат први покриени од граѓанско новинарство. Додека традиционалните медиуми го покрива Пекинг, ние сакаме да ја дознаеме приказната позади приказната, од обичните луѓе како вас.“

Доколку го посетите сајтот, не заборавајте да ги прочитате правилата. На врвот на листата на идеи за работи кои ГраундРепорт ги бара е: протести.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.