Проект Глобални животи: 1 ден снимање на животи на 10 луѓе

Лого на проектот Глобални животи

Проектот Глобални животи е глобална иницијатива креирана за да ги прикаже животите на 10 различни луѓе од насекаде во светот со нивно следење и снимање на 24 часа од нивниот ден на видео. Овие 240 часа материјал ќе бидат прикажани во исто време во инсталација каде човек би можел да се движи низ 10 различни соби каде се проектираат секој од нивните животи, а на централно седиште ќе се гледаат истовремено сите. Следат нивните презентации за проектот, каде тие ги објаснуваат своите цели, како планираат да ги постигнат и повеќе информации за проектот:

Она што тие се обидуваат да го постигнат е да ги прикажат разликите, да му покажат на секој човек како другите живеат, неуредувани и без сценарио. Овие видеа нема да бидат достапни само за време на инсталацијата, туку ќе бидат достапни и онлајн, нешто како енциклопедија со колаборативни видеа од човекови искуства.

Тие бараат и креатори на видеа од Азија, Источна Европа и Африка, луѓе за изложби кои би ја прикажале 20 дијаметарската изложба, преведувачи и спонзори. Повеќе информации може да се најдат на нивната веб страница. До сега имаат снимено пилот со возач од САД во Сан Франциско и бразилски музичар/инспектор за дозволи, а имаат и видео од Малави и друго во Јапонија.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.