Иран: „Среќен сум што и мојот глас беше избројан овој пат“ (Видеа)

Happy they read my vote. Source:http://sokot-e-sard1.blogspot.cz/2013/06/blog-post_15.html

„Среќен сум што и мојот глас беше изборјан“. Преземено од Sokot-E-Sardi1

Граѓани од Иран на интернет и на иранските улици (фотографија погоре) велат дека се среќни што овој пат нивните гласови, за претседателските избори оддржани оваа сабота, биле избројани. По претседателските избори од 2009, широко беа распространети обвинувања за измама и протести против режимот.

Хасан Роухани, 65 годишен свештеник и поранешен нуклеарен преговарач победи на изборите врз платформата „надеж и мудрост“. Роухани, кој беше поддржан од иранските реформисти во претседателските избори, се соочи со пет конзервативни ривали. Тој го застапува Али Кхаменеи, врховниот лидер на иранскиот совет за безбедност се од 1989 година.

Граѓаните на Иран ја прославија победата на Роухани во повеќе градови. Некои исто така се сеќаваа на граѓаните кои загинаа пред 4 години, во масивниот протест кој еруптираше по контроверзните избори.

Радост во Техеран

Tехеран: Политички затвореници треба да бидат пуштени на слобода

Нама Јафари сподели видео на кое луѓе пеат „Во полето на слободата, местото на Неда е празно“, мислејќи на младата Неда Агха Султан која беше убиена во протест пред 4 години.

„Басиџ нападнал млад човек“ 

Друго видео тврди дека Басиџ паравоените сили нападнале млад човек кој ја славел победата на Роухани на плоштадот Венак во Техеран.

Танцување во Машхад

Прославите потресоа неколку градови над Техеран. На ова видео може да се видат, луѓе кои танцуваа да ја прослават победата на Роухани во религиозниот град Машхад.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.