Откако двајца полицајци беа убиени и неколку луѓе ранети во две експлозии близу претседателската палата на 30 јуни, многу корисници на Твитер беа бесни на Министерството за внатрешни работи на Египет бидејќи не преземале ништо и покрај претходното предупредување постирано онлајн од воената група Ajnad Misr, неколку часови пред едно од бомбардирањата.
Според нив, експлозиите во одделот Хелиополис во главниот град Каиро можеле да бидат избегнати ако полицијата се борела против тероризам наместо да го фокусира вниманието на наоѓање и апсење на активисти.
Ajnad Misr (Војници на Египет) е релативно нова исламистичка милитантна група со база во Каиро, која цели на она што тие го нарекуваат „криминални елементи“ во египетската влада.
Групата беше забележана порано годинава кога ја преземаа одговорноста за нападот на безбедносните сили во јануари преку онлајн изјава. Во април, групата изјави дека е одговорна за експлозии во Универзитетот во Каиро кои убија полицаец и пет други луѓе. Според Al Arabiya News, по нападот во април, на нивната Фејсбук страница постирале, „Претходно имаме откажано голем број од нашите операции заради можноста шрапнелите да повредат цивили“. Групата исто така користи Твитер.
Во последнипот напад на Ajnad Misr во Каиро, првата експлозија уби еден полицаец и повреди три лица. Втората направа експодирала додека полицијата пробувала да ја деактивира убивајќи го вториот полицаец.
Твитер корисникот Ashraf Fawzi од Европа изјавува:
دول كاتبينها بلون مختلف يا بهايم #محطة_الانفجار_السري #الاتحادية pic.twitter.com/CPkOYT5QeP
— أشرف فوزي (@ashraf1974108) June 30, 2014
Дури го имаат напишано со различна боја идиоти
Активистот и египетски блогер Ahmed Al Ish, кој има 77.000 следбеници на Твитер додава:
بيان الداخلية بيقول جالهم بلاغ “صباح اليوم” بوجود عبوتين!! يعني ممكن الارهابيين بعد ما يأسوا من انتباههم للبيان ع النت، كلموهم في التليفون!!
— Ahmed Al-Ish (@AhmdAlish) June 30, 2014
Министерството за внатрешни работи вели дека добиле пријава денес за бомбите!! Ова значи дека терористите им се јавиле на телефон откако се изнервирале што на нивното предупредување на интернет не му било обрнато внимание.
Ahmed Anwar, кој има над 14.500 следбеници на Твитер и популарен канал на Јутјуб се шегува:
الإرهابيين هيعملو ايه أكتر من كده نزلو بيان قالو على اماكن القنابل قبل انفجارها ب 4 ايام هيعملو ايه تانى ؟ هينزلو يتصورو سيلفى معاها؟
— Anwar (@A7mdAnwar) June 30, 2014
Што повеќе можат да направат терористите?
Имаше изјава.
Спомнаа каде се поставени бомбите.
Што друго можат да направат? Да одат да се сликаат со бомбите?
Модниот блогер Rasha се прашува:
عالهامش : خبراء متفجرات ايه اللي كل ما يحاولوا يفككوا قنبلة تنفجر فيهم دول ؟ هم بيدربوهم ويعلموهم فين ؟ ايه الهم ده بس يا ربي
— Rasha (@neversaydiee) June 30, 2014
Каков вид на експерти за бомби се разнесуваат себеси секогаш кога ќе пробаат да деактивираат бомба? Каде тренирале? Во која мизерија живееме ние?
Во меѓувреме, популарната активистка Nawara Negm која има преку 683.000 следбеници возрвраќа:
عايزينه يراقب النت ويلفق قضايا ويجند اعلاميين ويقبض على ابرياء وكمان يتصدى للتفجيرات؟ حتاكلوا محمد ابراهيم يعني؟
— ايام زرقا (@nawaranegm) June 30, 2014
Сакате тој да го надгледува интернетот, да мести активисти за злосторства, да потплаќа новинари, да апси невини луѓе, уште да спречува експлозии?
Египетскиот блогер Tamer Mowafy кој се опишува себеси како слободен социјалист на Твитер каде има 139.000 следбеници, има слична идеја:
لكن العيال أصحابنا طبعا همه اللي خطر على الأمن القومي ولازم يترموا في السجون!!
— Tamer Mowafy (@kalimakhus) June 30, 2014
Секако дека нашите пријатели се тие кои претставуваат опасност за националната безбедност и треба да бидат уапсени…
Menna Alaa, која има 59.000 следбеници и се опишува себеси на Твитер како „саркастичен новинар“ заклучува:
На ова место не му треба надеж, му треба чудо. #MENA
— Menna منّة (@TheMiinz) June 30, 2014
Нападот се совпаѓа со првата годишнина од масивните протести кои доведоа до соборувањето на претседателот Muhammed Morsi, кандидат од Муслиманското Братство кој владееше една година по истерувањето на долгогодишниот претседател Hosni Mubarak. Стотици полицајци станаа цел на исламистичките милитанти по истерувањето на Morsi на 3 јули. Ова се случи откако повеќе од 1.400 Еѓипќани беа убиени и 16.000 приведени по акцијата на војската против Братството.