Малазиските блогери и корисниците на социјалните медиуми реагираа на несреќата што се случи во главниот град рано наутро на 3 јуни. Флорина Ак Џозеф, 27 годишна студентка, која после несреќата во која биле вклучени кола и камион била заглавена во нејзината кола што горела.
Тео Чаи Јонг бил прв кој пристигнал на местото. Локалниот весник „Ѕвезда“ ги има деталите за обидот на Тео да ја спаси девојката:
Тео, 31, возел кон бензиската станица, која била во близина на местото на несреќата и работела 24 часа, за да побара апарат за гаснење пожар откако слушнал викотници од заглавената жена и видел искри под нејзината кола. Тео се расправал со присутните и дури се понудил да го купи апаратот, но бил одбиен. Се вратил на местото на несреќата, но видел дека колата пламнала, а жената била се уште внатре.
Откако приказната била објавена во повеќето поголеми весници, многумина ја обвиниле бензиската станица за одбивањето да го позајмат апаратот кој најверојтно би и го спасил животот на девојката, но дали се тие виновни?
Малазиската блогосфера е поделена за ова прашање посебно после една порака постирана од Тео на профилот на Facebook, во која го искажува својот бес и бара да се бојкотира БХП (постот бил отсранет). Блогерот Квонг Феи има извадок од пораката. Тој смета дека БХП не треба да се сметаат одговорни за смртта на девојката:
Персоналот на БХП може морално згрешиле што не го позајмиле апаратот покрај тоа што им било кажано дека има сообраќајна незгода и дека сведокот А е спремен да им ја даде ЛК за да докаже дека ја зборува вистината. Како и да е, персоналот на БХП легално не погрешил.
Правењето на FB страна и ставањето постови на блогови со барање да се бојкотира БХП не е нелегално ако се мисли на нехуманоста на персоналот, навистина колку може да чини еден апарат за гаснење пожар во однос на човечки живот. Како заклучок, вие ја имате моќта да одлучувате и да ги одбирате своите постапки.
Тврдењето дека персоналот на БХП се убијци е нелегално. Вистинскиот убиец е возачот на Toyota Vios кој ја удрил колата на жртвата. Може да бидеш тужен за валкање на името на компанијата. (по мое мислење)
Ерна Махиуни ги споделува своите мисли за ова прашање:
Наместо да го дадат апаратот, персоналот на БХП бензиска станица ги поддржале директивите со часови да не ја отвараат вратата на киоскот. Нивната претпазливост не е безоснова. Грабежите се честа појава на киосците од бензиските станици и мини маркетите во Малазија. Реалноста е дека животот на жената можеби ќе беше спасен ако при рака имало апарат противпожарен. Наместо тоа таа изгорела жива додека беспомошните поминувачи гледале. Тоа е тажен одраз на тоа како Малазијците станале навикнати на тоа да не ги користа главите. Ние ја повлековме линијата, ние игравме безбедно.
Point2Entertainment се уште повикува на бојкот на сите БХП станици:
Прочитав со голем бес, сочувство и тага за оваа смрт која најверојатно можеше да се избегне (слики, повеќе вести). Мојата единствена помош е да се бојкотираат СИТЕ БХП БЕНЗИСКИ СТАНИЦИ низ Малазија, не само Пертама/Черас станици. Колку сурово и нечувствително. Колку глупаво. И губиток на добар живот. Дали се одговорни? Легално, не. Но морално, да. Легално одговорен е возачот на VIOS. Помислата да изгориш жив ме ужаснува. И јас, исто така, возам Myvi. Подобро да спакувам апрат за пожар во колата?
Други реакции од нетизените се објавени во „Ѕвезда“:
Нетизенот Лон Тан Верн бараше од БХП да даде формално извинување на семејството на жртвата, додека Џастин Тан дека треба да и му се даде надомест на семејството.
Друг нетизен, Чонг Кит Линг, изразува жалење што еден човечки живот не бил ценет, додека Кевин Јинг Зи вели дека бензиската станица треба да стави апарати за пожар на соодветни места.
Претседателот на Малазиската Фондација за спречување на криминалот, Тан Сри Ли Лам Тај, вели дека може да го разбере незадоволството од јавноста и нетизените.
Претседателот на МЦА Јавен сервис и оддел за жалби, Датук Мајкл Чонг, вели дека присутните требало да го искористат своето расудување и да одлучат дали барањето на Тео било вистинско.
„Тербало да му го позајмат апаратот. Наместо тоа, тие ништо не превзеле,“вели тој.
Исфрустриран од ситуацијата, бурнејскиот блогер Џон Реј можел да ги понуди само неговите молитви:
Јас лично немам ништо друго што да кажам за ова без да посочам прст на некој, но ова е тажно. Моите молитви се упатени кон семејството и пријателите на жртвата.