Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Сингапур: Розова точка 2010

Минатата година, повеќе од 2,000 Сингапурци се собраа во паркот Хонг Лим за да направат розова точка од луѓе, со цел да прослават љубовта без оглед на сексуалната определба. Тоа беше првата геј парада во Сингапур.

На овогодинешниот настан „Розова точка“ се собраа повеќе од 4,000 луѓе кои ја дадоа својата поддршка на родителите, браќата и сестрите, пријателите и роднините на геј заедницата во Сингапур.

Сликите од настанот Розова точка се поставени на Flickr и Style Hunter. Исто така погледнете ги и видеата на youtube. Овој настан има е своја Фејсбук страна и блог.

Слика од настанот превземена од блогот Ping dot Blog

The Online Citizen има видео репортажа од парадата. Хо Руи Ан пишува за силата која ја предизвикала парадата „Розова точка“.

Јасната и едноставна розова точка е сигурно повеќе од краткотрајно обележје на ограничениот простор на слободата. Таа е траен доказ за силата на љубовта која бара да ги надмине сите пречки до општеството.Зборува за можностите на љубовта која е попречена од институционализираната структура на догмата и предрасудите.

Мора да се каже дека настанот розова точка е уникатен – тоа е движење кое се појави од културните особености на овој град- држава која ја нарекуваме дом. Навистина, тоа не е ниту парада на гордост ниту протест. Не е ниту мирна демонстрација.

Тоа е простор на заедничка имагинативност која предвидува љубов во општеството, фамилијата и мала разновидност.

Miyagi оддава почит кон неговата фамилија и кон пријателите за нивната поддршка:

За секој оној кој мисли дека со поддршката на правата на хомосексуалците се избегнуваат фамилијарни вредности, нека го погледне моето ново семејство – ние сме толку сакани од нашите пријатели (хетеросексуалци или хомосексуалци).

Навистина сме благодарни на поддршката, љубовта и разбирањето што нашите геј пријатели ни ги дадоа за да формираме фамилија.

Ho Chi Sam се надева на поголема почит кон правата на геј заедниците во Сингапур:

Додека ова се смета за успешен настан, јас лично се надевам дека ќе дојде оној ден кога ќе ги прифатиме луѓето онакви какви што се, без оглед на сексуалната определба и полот, кои се само апстрактни и општи поими.

Јас имам блиски пријатели кои другите ги сметаат за чудни, но јас ги сакам. Сакам и тие да ја уживаат истата слобода и недискриминација која јас ја уживам.

Еве ги главни поенти на настанот Розова точка 2010.

Mike коментира за исклучувањето на странците од овој настан:

Ова е супер, но една неубава околност беше неможноста на странците да учествуваат во никоја од активностите. Најверојатно, тоа има врска со правото во Сингапур отколку со правилата на овој настан (се надевам), но сепак е чудно бидејќи овој настан треба да ги сруши бариерите и да ги зближи луѓето.

Irreligious забележува на организацијата на настанот Розова точка и на „правноста и легитимноста“ на настанот:

Јас присуствував на настанот Розова точка вчера. Како легален и легитимен настан, Розова точка беше настан кој ги афирмираше геј заедниците. Знаете, Сингапур е сè уште конзервативно општество, особено кога организаторите треба да се соочат со власта и тоа дали таа има проблем во врска со ваков вид на настан.

Бенџамин Чеах мисли дека настанот Розова точка 2010 бил „непријатен“ :

Тоа е единствениот збор на кој можам да се сетам за да го опишам настанот. Да, над 4,000 луѓе се појавија. Да, имаше генерално прифаќање на слободата во љубовта, без оглед на сексуалната определба. Да, имаше пристојни изведувачи за време на настанот. Имаше пристојни достигнувања, но мислам дека можеше да се направи многу повеќе.

Настанот Розова точка постои заради социо-политичката состојба. Но, не направи ништо конкретно како би го централизирал проблемот. Само ги спои луѓето заедно како би разбрале дека проблемот со геј заедниците постои. Без оглед на тоа дека медиумите и геј активистите го прават ова во последниве две декади, настанот само ги спои луѓето заедно како што една половина од едно цело се стреми да ја смени цела ситуација.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.