Палестина: Жителите на Газа страдаат поради недостиг од гориво и електрична енергија

Во текот на измината деценија, зборовите „Газа“ и „криза“ станаа речиси комплементарни.  Кризите се движат од војна и воени напади и инвазии, до воена окупација, и во овој случај до недостиг од гориво и електрична енергија.

Покрај тековната блокада предводена од Израелците, појасот Газа е погоден и од криза за свежо гориво, бидејќи единственото гориво достапно во моментов е она кое се набавува од Израел, во ограничени количини и со превисоки цени. Недостигот од гориво доведе и до недостиг од електрична енергија, бидејќи тоа се користи за снабдување на главните генератори на компанијата за електрична енергија, алтернативните генератори во болниците, пекарниците и пумпите за отпадни води, како и генераторите за домаќинствата.

Palestinians wait to fill containers with fuel. Image by Majdi Fathi, copyright Demotix (21/03/2012).

Палестинци чекаат да ги наполнат тубите за бензин. Слика од Мајди Фатхи, авторски права Демотикс (21/03/2012).

Нетизените од Газа, коментираат за оваа ситуација (кога имаат електрична енергија):

@Omar_Gaza: Газа се движи кон доста мрачен пресврт поради недостигот од гориво! Пекарниците, училиштата, болниците, продавниците, автомобилите, такси-возилата и животот ќе сопрат наскорооо

Првата жртва поради недостигот од електрична енергија, од кој беше зафатен појасот Газа, беше седуммесечно бебе Мохамед Ал Хелоу, кое почина откако генераторот на кој работеше неговиот респиратор снема гориво.

@LeilZahra: Додека ние твитаме енергија, болниците во #Gaza немаат доволно енергија за да ги одржуваат во живот нивните пациенти #Gas4Gaza

@LuluDeRaven:تخيلوا لو اسرائيل ضربت غزة الان في هاد الوضع؟ لا المستشفيات تقدر تتحمل ولا في وقود لسيارات الاسعاف ولا المطافي ولا اشي !!!
Замислете ако Израел ја нападне Газа во ваква ситуација? Болниците немаат доволно капацитет да се справат со тоа, а нема гориво ни за возилата за Брза помош или противпожарните возила или било што друго!

Недостигот од електрична енергија и/или гориво станува една од најпопуларните теми помеѓу Палестинците на платформите на социјалните медиуми. Статусите на Фејсбук во кои се пцуе компанијата за електрична енергија, или веселите твитови за враќањето на електричната енергија, станаа вообичаени нешта.

@Ibtihal4Gaza: ما في أحلى انك تصحى تلاقي في كهربا في البيت‏ #غزة #أشياء_نادرة
Чувството да се разбудиш и да имаш електрична енергија во домот е одлично #gaza #реткиработи

Компанијата за електрична енергија го подели појасот Газа на реони и соседства, од кои секое добива електрична енергија по 6 часа дневно.

Блогерот Ранда Абу Рамадан напиша блог пост кој ја анализира вашата личност според времето во кое добивате струја:

إذا بتيجي عندك من 12 بالليل لـ 6 الصبح: انت شخص طيب ومضحوك عليك, وبتصدق أي كلمة بحكوهالك, لأنو في ناس تانية بتيجي عندهم الكهربا في مواعيد أحسن من هيك, وانت يا ويلي عليك معطيينك موعد عاطل بنفعش لإشي
Ако имате струја од полноќ до 6 часот наутро вие сте љубезна личност, но исто така и наивни и луѓето лесно можат да ве измамат. Некои луѓе добиваат струја во подобар период, но штета, вие ја добивате во лош период кога не ви користи за ништо!

Освен тоа, луѓето мора да најдат начин да го организираат својот ден во зависност од електричната енергија. Јусеф Абу Ватфа, репортер за Ал Џезира Ток, пишуваше за тоа како мајката на еден негов пријател е засегната од оваа ситуација:

أما والدته فتضطر إلى أن تؤجل جميع أعمالها المنزلية إلى ما بعد منتصف الليل حتى تقوم بغسيل ملابس العائلة، حتى تتحول في ذات الوقت إلى طهي الطعام الذي يتطلب استخدام بعض الأدوات الكهربائية.
Неговата мајка мора да ги одложи работните обврски во куќата до после полноќ за да ги испере алиштата и да зготви, бидејќи за тоа користи електрични апарати.
Large numbers of gas tubes are accumulating in stations in the Gaza Strip, as the fuel crisis deepens. Image by Ahmed Deeb, copyright Demotix (05/03/2012).

Како што се продлабочува кризата, така голем број на туби за бензин се собираат на станиците во појасот Газа. Слика од Ахмед Дееб, авторски права Демотикс (05/03/2012).

Ова би можело да се сумира во следниов твит, напишан од Фејди:

@chefadi90: تويتر بعلمنا نختصر افكارنا في 140 حرف , وغزة علمتنا كيف تختصر كل حياتك في 6 ساعات بتيجي فيهم الكهرباء كل يوم
Твитер нè учи како да ги збиеме нашите мисли во 140 карактери, додека Газа нè учи како да го збиеме нашиот живот во тие 6 часа во денот кога имаме електрична енергија.

Ноур Абед, наставник, твитна:

@NourGaza: أطفالي في المدرسة: أجدُّ على كراستهم المهترئة آثاراَ من الشمع المنسكب, كتبوا واجبهم على ضوء الشمعة!
Моите ученици во училиште: кога ќе најдам траги од стопен восок на нивните тетратки, сфаќам дека ги пишувале домашните задачи на свеќа!

Една неодамнешна анкета покажува дека 48 % од жителите на Газа ја обвинуваат локалната власт за кризата со гориво во Газа. Из Шама напиша на Твитер:

@izzshawa:الحكومة التي يتطلع لها الشعب في غزة هي التي لا تصدر الأزمات الى غيرها ولكن تبذل قصارى جهدها لحلها وان لم تقدر تعمل على تخفيف حدتها
Луѓето во Газа очекуваат влада која не ги обвинува другите за проблемите, туку прави сè што може да ги разреши или пак да ги олесни проблемите доколку не може да ги реши.

Блогерот Јасер Ашоур го забележа разменувањето на обвинувања  помеѓу палестинските функционери и напиша на својот блог:

لما يعملوا مقابلة مع مسؤل من الشركة ويسألوه عن السبب بيقول : الاحتلال يشدد حصاره ، ولما نسأل قيادي في حكومة غزة ؟ بيقول : سلطة رام الله محتكرة الأموال وبتعمل على قطع الكهربا عن غزة
Кога прашуваме претставник од компанијата за електрична енергија за причините, тој вели: [Израелската] Окупацијата ја зголемува својата опсада над Газа. Кога прашуваме претставник на владата во Газа, тој вели: владата во Рамала [Палестинската власт] ги монополизира парите што е причина за недостигот од електрична енергија.

Иако официјалните претставници на владата во Газа излегоа со бројни изјави да се одбранат од обвинувањата, тврдејќи дека против нив се води голема „завера“ многу луѓе сè уште не се убедени. Блогерот и фотограф Калед Сафи пишува во блог пост:

لا أجد الوقت الكافي لأتابع تصريحات هنا واتهامات هناك، أصلاً لا أجد الكهرباء لأسمع وجهة نظركم الكريمة، معظم يومي خارج بيتي إما في انتظار المواصلات أو في معركة الوقود أو مناظرة المخبز الصباحية
Немам време да бидам во тек со изјавите и обвинувањата од двете страни. Всушност, немам струја за да можам да го слушнам вашето размислување [на ТВ]. Поголем дел од денот поминувам надвор од мојот дом, чекајќи превоз или во битка за гориво (на бензинските станици), или пак во утринска дебата во пекарницата.

Во напорите за подигање на свеста во врска со кризата за гориво (а можеби и како еден вид на терапија), група палестински блогери започна иницијатива наречена „Блогирај за гориво“ (на арапски). Повеќе во следното продолжение.

Овој пост е напишан заеднички од Ола Анан и Јасмин Ел Кудари.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.