Запознајте ја најголемата јапонска ѕвезда на Јутјуб

Doctor Hajime on YouTube

はじめしゃちょー(hajime)е најпопуларниот Јутјуб корисник во Јапонија со 3,2 милиони претплатници.

Ограничен од културните и јазичните бариери од надворешниот свет, јапонскиот Јутјуб постои во еден сопствен свет. Популарните видеа се многу малку забележани било каде надвор од Јапонија.

За среќа, Хаџиме Шацо, јапонскиот најпопуларен Јутјуб корисник, додаде преводи на англиски јазик во неговите најгледани (и најшокантни) видеа.

Досега, со повеќе од 18 милиони прегледи, најпопуларното видео на Јутјуб на Хаџиме е „Бањање со Кока кола и со Ментос бонбони“. Тоа е совршен пример за екстремен експеримент кој го направи Јутјуб каналот на Хаџиме како мини-Mytbusters:

Смешното – и информативно – видео „Како да направите лигава бања“  досега собра околу 11 милиони прегледи:

Во ова популарно видео со 7,2 милиони прегледи, Хаџиме почнува да ги јаде сите производи од менито во МекДоналдс.

Најпопуларните видеа на Хаџиме Шацо може да ги погледнете тука.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.