Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Испораки на KFC преку тајни тунели шверцувани во Палестина

Палестинецот, Анас Хамра, од Газа, тврди дека го добил испорачано неговото Кентаки пржено пилешко – по чекање од 7 часа. Неговата приказна се совпаѓа со неодамнешниот извештај во Њујорк Тајмс кој вели дека жителите на Газа ги добиваат своите испораки од KFC, од Ал Ариш во Египет, каде тие се шверцувани преку тајни тунели.

По нарачката на неговиот оброк, тој се шегува:

راحت علينا الكنتاكي الحكومة صادرت وجبتي يفضح عرظها

@AnsRed: Го изгубивме нашиот Кентаки оброк. Владата го заплени, нека биде скандализирана (Владата)

Тој потоа додава:

تم الإفراج حسب الإتصال عن 100 وجبة كنتاكي من لجنة الأنفاق التابعة لحكومة حماس الان وجبتي قادمة تباً خوفتيني عليكي يا وجبة!

@AnsRed: На телефон ми кажаа дека 100 Кентаки оброци се пуштени од комитетот низ тунелите водени од владата на Хамас, и дека мојот оброк пристигнува. Се загрижив за мојот оброк.

Anas Hamra, from Gaza, claims he got his KFC after a seven hour wait

Анас Хамра, од Газа, тврди дека го добил неговиот оброк од KFC по седумчасовно чекање

И тој продолжува:

@AnsRed: уште го чекам, мислам дека ќе го јадам за појадок следниот ден! Ах!!

Откако конечно го доби својот оброк, Хамра споделува фотографија на Тамблр и Инстаграм.

На Инстаграм, многумина прашуваат дали неговата објава е вистинска, а Хамра потврди дека навистина нарачак фамилијарен оброк од KFC. Неговата оценка за оброкот?

како египетски KFC хаха но ладен

Мохамед Хасона, од Газа, твитна:

أكل الكنتاكي علينا حق #غزة

@impalestinian: Јадење од Кентаки е наше право #Gaza

А Мајкл Хитон вели:

@MichaelHeathon5: Кентаки прижено пилешко во Газа? Нели пропатија доволно тие луѓе?

Како и да е, страницата на Фејсбук на претпријатието кое ја врши испораката, оттогаш најави дека нема да продолжи со испораките:

زبائننا الاعزاء : تم ايقاف طلبيات الكنتاكي وذلك لظروف خارجة عن ارادتنا… شكرا لاهتمامكم جميعا بهذا الموضوع

Драги потрошувачи,
Испораките на Кентаки се запрени поради причини кои се надвор од нашата контрола. Ви благодариме на вашиот интерес на оваа тема.

Барем Хамра си ја доби својата посластица од KFC и твитна и го сподели на Инстаграм неговото искуство.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.