Саудиска Арабија: Дехран под опсада

Саудиска Арабија беше домаќин на Самитот на советот за соработка во заливот во неговата источна провинција, донесувајќи ги лидерите на Бахреин, Катар, Кувајт, Оман и Обединетите Арапски Емирати под еден кров – и држејќи ги жителите на Дехран и Дамам како заложници за целото времетраење на нивната средба, бидејќи сите главни патишта кои водат до и надвор од градот беа затворени.

Саудискиот блогет Ибраим [Ar] ја изнесе сторијата рано вчера велејќи:

Дехран сега е комплетно отсечен и никој не може да дојде до него. Неговите порти се затворени за неговите жители и посетители. Нашите деца се заглавени во училиштата. Родителите стојат зад ѕидовите, желни да ги прегрнат своите деца. Светлата на полициските автомобили се насекаде. О Боже! Што ни се случува на нас? Алах нека ни е на помош.

Неколку часови подоцна, многу порелаксиран Ибраим објаснува што се случило:

Она што се случило е дека тие ги затвориле патиштата за GCC (Совет за соработка помеѓу арапските држави од заливските држави, Гулф) кралевите и лидерите кои доаѓаат. Во ред, зошто не ни кажавте што се случува уште на почеток? Вие навистина не исплашивте. Гледајте што се случи. Состанокот почнува во 4 часот. Тие ги затворија сите патишта уште на пладне. Сите излези и надвозници до Дехран се разбира беа затворени, дури и оние кои водат до (Саудиската нафтена компанија) Арамко и останаа затворени се до околу 7 часот навечер. Луѓето возеа наоколу во кругови и сите патишта беа затворени. Накратко, јас чувствував исто што и другите луѓе од Газа, баравме Алах да помогне. Проблемот не беше поради нашите посетители. Проблемот беше со нашите службени лица во управата за сообраќај, кои јас мислам дека не припаѓаат на оваа територија, затоа што се чини дека тие не се во состојба да размислуваат. Што ќе се случеше ако тие го затвореа патот до Дехран во правец на Џубеил 15 минути – ајде да речеме дури и еден час – пред конвоите да поминат и потоа повторно да го затворат 15 минути пред да биде завршен состанокот? Тие ќе го направеа ова ако нивната причина беше да се надмине сообраќајната гужва, но она што јас го видов вчера не беше поради сообраќајот… бидејќи тие го блокираа целиот регион кој покрива дијаметар од 15 км – од улицата Абу Хадрија до надвозникот во близина на базата на военото воздухопловство. Ова значи дека луѓето од Источната провинција, кои се очекува да им посакаат добредојде на гостите, не успеа да им ги видат дури ни колите на гостите.

Блогерот додава:

Јас лично сум презаситен и мразам вакви поводи…затоа што тие се бескорисни за сите освен за крадците – кои станаа среќни дознавајќи дека сите полицајци се зафатени со церемонијата – оставајќи ја целата држава во ризик. Луѓето исто така нема да добијат шанса да го сретнат нивниот крал, и сите патишта ќе бидат затворени за нив.

Ибраим исто така ја споделува следнава сугестија за нафтениот гигант Сауди Арамко, кој ја прославува својата стогодишнина оваа година:

Јас му предлагам на Арамко да одржи свеченост во празниот четврт на пустината за да ја одбележи стогодишнината. Има аеродром таму и добро е опремено со сé. Нема да има потреба да ги затвараат патиштата или да направат било што, и ништо нема да се промени – забавата ќе биде таму, гостите ќе бидат таму и јавноста нема да биде таму. Ова значи дека сé што ќе им биде потребно ќе имаат таму. Ние нема да имаме чувство дека има забава и вие нема да ги упропастувате животите на луѓето.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.