Солзавец и водени топови за демонстрантите за Денот на трудот во Истанбул

Истанбул беше обвиен во солзавец откако демонстрантите предизвикувачки се собраа на симболичниот градски плоштад Таксим, каде што секоја година се одржуваат првомајски протести. Оваа година Владата ги забрани сите настани на плоштадот бидејќи тој се реконструира.

Судирот на демонстрантите и полицијата ја претвори петнаесетмилионската метропола во воена зона, оставајќи уништен имот и десетина повредени луѓе зад себе. За да се справи со се поголемиот број на демонстранти, турската полиција ги зацрврсти своите редови со четири авиони полни со службеници доведени од други градови.

Меѓу повредените има и четири новинари и еден средношколец кој што имал повреди на главата и се наоѓа во болница во критична состојба. Опозициските политичари кои што беа погодени од гасот и полициската бруталност исто така беа хоспитализирани.

Istanbul demostrators under teargas on Labor Day celebrations

Демонстрантите во Истанбул, погодени од солзавец за време на прославите на Денот на трудот. Фотографија на Бурак Кара. Употребена со дозвола.

Плоштадот Таксим, вообичаеното место за протестите по повод Денот на трудот во Истанбул се реконструира со месеци, со цел да се прошири тесното грло во сообраќајот кое што се создава околу него. Градските власти и синдикатите, кои инсистираа прославата да се одржи на Таксим, водеа преговори за да се најдат алтернативни места, но разговорите пропаднаа на 30 април 2013-та година. Градската администрација веднаш издаде наредба да се откаже целиот јавен транспорт меѓу азиската и европската страна на Истанбул кои што водат до плоштадот Таксим. Подоцна, за време на прес-конференција, Гувернерот на Истанбул, Мутлу, ги забрани сите настани на Таксим за време на први мај.

Новинарката Ајла Жан Јакли (@aylajean) даде нејзин увид во политичката важност на плоштадот Таксим и за Владата и за другите групи:

@aylajean: Проектот Таксим е гледан како проект-миленик на премиерот Ердоган. Плоштадот има огромно политичко и културно значење за многу фракции во Турција.

Недостатокот на јавен транспорт на први мај во петнаесетмилионскиот град доведе до страшен застој. Синдикатите на работниците, невладините организации и опозиционите политички партии имаа друг план. Илјадници луѓе се собраа во населбите Бешикташ, Сисли и Меџидјекој и го опкружија Таксим од сите страни, доаѓајќи со нивни приватни или колективни транспортни средства. Кога сонцето зазори над Истанбул, првите судири започнаа во Бешикташ:

Labor Day rally teargassed in Istanbul, May 1, 2013. Photo tweeted by Deniz Atam, used by permission

Собирот за време на Денот на трудот под солзавец во Бешикташ, Истанбул на 1 мај 2013. Твитната фотографија од страна на Дениз Атам. Употребена со дозвола.

@aslitunc: Денес Истанбул е под полициска опсада, јавниот транспорт е забранет, патиштата се блокирани, се користи солзавец во големи количини и полицијата ги напаѓа демонстрантите.

Кревањето на мостот којшто го поврзува историскиот полуостров и централниот дел на Таксим беше уште еден метод да се спречат работниците да стигнат до нивната крајна дестинација:

Galata Bridge raised to stop protesting workers. Photo by Dilek Zaptçıoğlu on Twitter, used by permission

Мостот Галата е кренат за да се запрат работниците кои протестираат. Фотографија на Дилек Заптичоглу на Твитер, употребена со дозвола.

Додека различните групи се обидуваа да маршираат кон Таксим, полицијата во помали и поглеми групи ги напаѓаше демонстрантите на главните и споредните улици со водени топови и солзавец. Во рок од два часа, европската страна на градот се претвори во бојно поле. Наводно дури и амбулантните возила и туристите биле напаѓани со солзавец од страна на полицијата:

@oemoral: твитерџиите кои известуваат за судири на споредните улички во #Besiktas твитаат како таму да е бојно поле. Хаос во продавниците и меѓу луѓето поради употребата на водени топови и солзавец. #MayDay #Istanbul

@ErdiErge: Полицијата во Бешикташ фрла гасни бомби врз амбулантни возила и има неколкумина повредени за време на #istanbul #laborday #Turkey

@CeylanWrites: Се фрла солзавец дури и кон туристите! Радикални соопштенија#istanbul #1mayis

@Ziya Meral: Најсаркастичниот твит којшто произлезе денес од Истанбул досега: „Вчера имавме џез-фестивал, денес имаме гас-фестивал“

Дури и некои мејнстрим медиуми се жалеа поради полициската бруталност. Инаку печатот беше крајно неподготвен да известува за ужасните настани од овој ден во Истанбул. Новинските организации блиски до Владата употребија фотографија од демонстрант како фрла молотов коктел за да го пропагираат официјалниот став дека демонстрантите за Денот на трудот биле „радикали“.

Некои луѓе на Твитер ги споредија тактиките на турскиот премиер Ердоган со оние на поранешните диктатори на Блискиот Исток:

@erdierge: Полициското насилство во #istanbul е полошо од #ArabSpring Полицијата на Мубарак беше подобра отколку #turkey на Ердоган #laborday #1mayis

Бомбите со солзавец предизвикаа исто така штети и на приватни имоти:

Damage caused by teargas canisters to homes. Photo tweeted by @farkindayimm, used by permission.

Штета на домови предизвикана од бомби со солзавец. Твитната фотографија од страна на @farkindayimm, употребена со дозвола.

Демонстрантите конечно се повлекоа откако лидерот на Конфедерацијата на синдикати договори примирје со полицијата:

Protesters teargassed in Besiktas. Photo tweeted by @13melek, used by permission

Демонстранти нападнати со солзавец во Бешикташ. Фотографија твитната од страна на @13melek, употребена со дозвола

Меѓународната конфедерација на синдикати брзо ја осуди полициската бруталност во Истанбул.

После ден исполнет со бруталност кој доведе до повреди и неодговорни и невидени коментари од страна на владини службеници и новинари, сите заминаа дома за вечер на турски серии и се друго по старо.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.