Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Иран: “Интернетот е подарок за нас“

Аршам Парси, основач и директор на иранксата организација на хомосексуалциАршам Парси е основачот и директорот на иранската организација на хомосексуалци која се наоѓа во Торонто, Канада. Тој ни зборуваше за присуството на иранските хомосексуалци во сајбер-сферата, нивните предизвици и проекти.

Како го проценувате присуството на хомосексуалните блогови во иранската блогосфера? Дали има многу блогери кои зборуваат за нивната хомосексуалност?

Да, ние имаме многу ирански LGBTIQ блогери, и повеќето од нив живеат внатре во Иран. Тие имаат прекари и пишуваат анонимно, што е најсигурно за нивната безбедност, но понекогаш владата ги наоѓа преку нивните IP адреси. Но тие постојат и се многу активни.

Како го користите интернетот, вклучувајќи блогови и видео филмови, да зборувате за иранската хомосексуалност?

Интернетот е една од нашите најважни комуникациски алатки. Без интернет нашата организација не би можела да направи многу работи. Ние немаме претставници во Иран затоа што се плашиме за нивната безбедност; ние не сакаме да им правиме проблеми. Ги надгледуваме нивните блогови и тоа е еден од нашите извори. Интернетот е подарок за нас.

Лого на иранската организација на хомосексуалциКакви се Иранските реакции за вашите веб страници/блогови? Дали има некаков дијалог таму помеѓу луѓето кои се хомосексуалци или ги бранат правата на хомосексуалците, и луѓе кои ја сметаат хомосексуалноста за “грев“или “неморално однесување“?

Има различни реакции. Ние примаме многу пораки со омраза, и исто така многу пораки со поддршка. Во Иранските хомосексуални блогови, тие имаат дијалози со други луѓе, и понекогаш блогерите обрнуваат внимание на овие проблеми. Но генерално, луѓето ги сменија своите погледи во последните неколку години.

Дали има некои онлајн форуми каде иранските хомосексуалци ги менуваат своите идеи или оставаат коментари?

Ние имаме списание, Шераг. Постои и форум за иранските хомосексуалци исто така. Тој започна со работа пред неколку месеци. Но блоговите се повообичаени.

Како вие гледате на ситуацијата на хомосексуалците во Иран? Дали се тие инволвирани во сајбер-сферата со цел да се изразат себеси?

Како што кажав, многу работи се сменија. Се сеќавам пред неколку години, никој не зборуваше за нашите права, но сега може да се најдат илјадници онлајн страници. Според нив, тие не можат да имаат физичка врска слободно, но тие постојат и се обидуваат да бидат активни. Јас мислам сега, прашањата за иранските хомосексуалци станаа прашања за човековите права.

Кога ги разгледуваме иранските хомосексуални и лезбејски блогови, дали тие се соочуваат со различен тип на потешкотии?

Се разбира да, сосема е различно. Тие имаат различни ситуации. Лезбејките се поневидливи, а тоа е поради генералниот недостаток на правата на жените во Иран. Ние немаме многу лезбејски блогови, и оние за коишто знам, се активни во обидот да покажат дека лезбејките постојат исто така. Ние имаме онлајн весник за лезбејките, Хамјенс-е мен. Тоа е првиот весник за иранските лезбејки.

Дали имате некаков проект, коментар или идеја да споделите со нас?

Ние постоиме, но не можеме да зборуваме отворено. Ние треба да се поддржуваме еден со друг. Тоа е данокот на нашата слобода.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.