Следната изборна кампања на Јапонија ќе биде споделувана на Твитер, е-пошта и блогови
Јапонија го одобри предлог-законот кој ќе им дозволи на политичките кандидати да твитаат и блогираат, како и да споделуваат рекламни содржини на интернет за време на изборните кампањи.
Се до минатата недела, јапонските изборни кандидати мораа внимателно да ги користат своите Фејсбук страници, Твитер профили и блогови за да избегнат прекршување на строгите изборни закони во земјата кои забрануваа политичка активност на интернет.
Ревидираниот изборен закон кој помина низ двата дома на законодавното тело во Јапонија на 19ти април, 2013 година ќе им дозволи на политичките кандидати да користат социјални медиуми и други онлајн платформи за споделување на своите мислења и да допрат до гласачите.
Влијанието на законот ќе се забележи наскоро, во јули, за време на изборите за Домот на советници.
Млади активисти работеа во позадина, со цел предизвикување на ревизија на изборниот јапонскиот закон. Кенсуке Харада, еден од основачите на кампањата „Еден глас“ кој се залагаше за спроведување на онлајн изборни кампањи на Фејсбук напиша:
Конечно забраната за онлајн пропагирање на изборни кампањи е подигнат! Работевме на ова прашање со кампањата „Еден глас“ од април 2012 година. Ова е прашањето по кое нашите старешини работеа со години. Но, во април изминатата година, никој не зборување за ова, дури ни политичарите и јавноста.
Сепак уште сакав промена. Помислив дека би било забавно кога секој од нас би работел да направи промена во законот. Со оваа страст, многумина се споија со тимот на „Еден глас“, и го изградија тоа што денес го претставуваме. Благодарен сум на луѓето кои не се членови на нашиот тим, но сепак многу ни помогнаа. […]
Не знам колкаво влијание имавме во одобрувањето на предлог-законот, но можам да кажам дека е повеќе од нула. Со глас од секој од нас, политичарите може да се променат! Ти можеш да направиш промена!

Фотографија од јапонското собрание: фотографија преземена од корисникот на Фликр – Дик Томас Џонсон. Заштитена со Криејтив Комонс лиценцата 2.0
Оваа промена се очекува да го поврати гласот на младите, нудејќи им на оние, кои се одвратија од класичните медиуми, опција да бидат информирани преку интернет.
Само 37.89 проценти од гласачите во своите 20ти го искористија своето право на глас на изборите одржани во декември 2012 година, што предизвика постигнување на пост-воен гласачки рекорд од 59.3 проценти.
Но, онлајн кампањите нема да бидат целосно бесплатни, постојат правила и рестрикции како за кандидатите – така и за гласачите.
Една од грижите е онаа за измама на идентитет; фалсификување на идентитет и објавување на штетни пораки може да доведе до затворска казна до 2 години или парична казна од грубо кажано 3000 американски долари.
Интернет сервис провајдерите (ISP) имаат овластување да бришат штетни коментари, доколку корисниците не успеат да наведат прифатливи причини во рок од два дена од предупредувањето.
ГМО GlobalSign, компанија за безбедносни интернет сертификати, објави дека може да обезбедат сервиси за онлајн верификација на политичките партии. Либерал демократската партија на Јапонија исто така го објави својот план за ширење на користењето на проширените сертификати за проверка на веб-страниците на индивидуални политичари. Тие го прифатија популарниот Verisign серитифкат на нивната официјална веб-страница во 2011.
Музичкиот блогер и Твитер корисник Јамада (@wms) се грижи дека псевдонимите, кои се чести во светот на граѓанските медиуми, би можеле да ги доведат корисниците во неволја:
@wms:ネット選挙でSNSを利用した活動を全面的に認める代わりに、偽名による発言などは逮捕につながるという記事があったので、実名以外のアカウントで政治的発言するのはかなり危険性が高い時代になったと思われ。
@wms: Според одредени извори, постојат шанси за онлајн корисниците да бидат уапсени поради објавување на политички коментари под псевдоним. Иако социјалните медиуми се сега комплетно прифатени за онлајн кампањи, мислам дека може да биде опасно објавувањето на политички коментари доколку не го користите вашето вистинско име.
Друга грижа е користењето на интернет рекламите. Муто Нобуки, Твитер корисник кој работи во рекламната индустрија напишa:
@mutonobuki:ネットという新市場が生まれるので、政党間で不安心理が起こりネット広告に資金流入するでしょう。ただ、政党も予算あるので削られる媒体出ますね。
@mutonobuki: Сега откако постои нов онлајн пазар, политичките партии се чувствуваат вознемирено околу закачувањето на онлајн рекламен материјал, големи се шансите тие да влеваат пари на интернет. Но, тие имаат лимитиран буџет, со што одредени медиуми ќе ги изгубат своите приходи од реклами.
Kалаијо,поддржувач на Либерал демократската партија, која е популарна кај јапонските конзервативни гласачи, е загрижен дека ревизираниот закон им дозволува на политичките партии да купат колку што сакаат онлајн реклами, додека самостојните кандидати не можат да си го дозволат тоа:
@kalaiyo政党制である日本において無所属が不利なのは当たり前だが、無所属だけ広告出すの禁止というのは確かに変かな。
@kalaiyo: Јапонската политика се базира на партиски систем. Така што честа е појавата самостојни кандидати кои не припаѓаат на ниту една партија да имаат недостатоци. Како и да е, малку е чудно тоа што (законот) им забранува на самостојните да поставуваат онлајн реклами.
Рјосуке Нишида, истражувач и професор по социјално претприемништво и јавна политика, на својот блог пишува:
いろいろ言われているけれど、ネット選挙解禁は出発点というのが筆者の認識。国民が政治にもっとも関心をもつと思われる選挙運動期間にITの利活用を認めると、政治家は適応すべく、中長期でITへの理解を改善するだろう。そうすると、電子政府や電子自治体、通信と放送のあり方等々いろいろなところに波及する可能性を秘めている。
Мислам дека дозволувањето на онлајн кампањи е добра појдовна точка. Граѓаните обрнуваат повеќе внимание на политика за време на изборните кампањи. Користејќи ја информатичката технологија, политичарите ќе имаат подобро разбирање од ИТ на долг рок, додека се учат да се адаптираат себеси на најновите технологии: ова можно е да доведе до е-влада и (интеграција на) комуникација и емитувани програми.
Еден друг Твитер корисник пишува за иронијата на одобрувањето на новиот предлог-закон додека законодавците не се во можност да ја решат неуставната состојба на процесот на гласање во Јапонија, поради гласачки диспаритет:
@gankuma_:定数是正(違憲)問題が遅々として改善されないのに選挙活動のネット解禁はあっさり決まるあたりに先生方のやる気の差が透けて見えるなとか思ってても言うよ。
@gankuma_: Дозволете ми да размислувам на глас – предлог-законот за онлајн кампањи е усвоен толку брзо, додека оние од законодавната власт изгледа имаат помала мотивација за решавање на прашањето за неуставните избори.
Мини-сликата е преземена од корисникот на Фликр – 7_70, заштитена под Криејтив Комонс лиценца BY-NC-ND 2.0
Категории

Започни ја конверзацијата
Категории
11 февруари: Денот кога го враќаме ударот

Придружете ни се!
Месечна архива
- јануари 2021 1 напис
- октомври 2020 1 напис
- јули 2020 1 напис
- мај 2020 1 напис
- април 2020 2 написи
- март 2020 3 написи
- февруари 2020 2 написи
- јануари 2020 2 написи
- декември 2019 2 написи
- октомври 2019 1 напис
- септември 2019 1 напис
- август 2019 1 напис
- јули 2019 1 напис
- јуни 2019 1 напис
- мај 2019 3 написи
- април 2019 1 напис
- март 2019 8 написи
- февруари 2019 5 написи
- јануари 2019 4 написи
- декември 2018 1 напис
- ноември 2018 5 написи
- октомври 2018 9 написи
- септември 2018 4 написи
- јули 2018 2 написи
- јуни 2018 1 напис
- мај 2018 3 написи
- април 2018 5 написи
- март 2018 3 написи
- февруари 2018 12 написи
- јануари 2018 19 написи
- декември 2017 1 напис
- ноември 2017 2 написи
- октомври 2017 6 написи
- септември 2017 1 напис
- август 2017 7 написи
- јули 2017 4 написи
- јуни 2017 5 написи
- мај 2017 11 написи
- април 2017 8 написи
- март 2017 27 написи
- февруари 2017 5 написи
- јануари 2017 7 написи
- декември 2016 3 написи
- октомври 2016 1 напис
- јули 2016 2 написи
- мај 2016 3 написи
- април 2016 3 написи
- март 2016 3 написи
- февруари 2016 5 написи
- јануари 2016 15 написи
- декември 2015 18 написи
- ноември 2015 5 написи
- септември 2015 7 написи
- август 2015 1 напис
- јули 2015 1 напис
- јуни 2015 7 написи
- мај 2015 13 написи
- април 2015 10 написи
- март 2015 17 написи
- февруари 2015 46 написи
- јануари 2015 15 написи
- декември 2014 17 написи
- ноември 2014 5 написи
- октомври 2014 21 написи
- септември 2014 27 написи
- август 2014 27 написи
- јули 2014 38 написи
- јуни 2014 4 написи
- мај 2014 26 написи
- април 2014 8 написи
- март 2014 13 написи
- февруари 2014 5 написи
- јануари 2014 16 написи
- декември 2013 9 написи
- ноември 2013 3 написи
- октомври 2013 1 напис
- септември 2013 13 написи
- август 2013 18 написи
- јули 2013 16 написи
- јуни 2013 12 написи
- мај 2013 16 написи
- април 2013 22 написи
- март 2013 16 написи
- февруари 2013 55 написи
- јануари 2013 15 написи
- декември 2012 17 написи
- ноември 2012 20 написи
- октомври 2012 14 написи
- септември 2012 34 написи
- август 2012 41 написи
- јули 2012 33 написи
- јуни 2012 41 написи
- мај 2012 19 написи
- април 2012 29 написи
- март 2012 36 написи
- февруари 2012 41 написи
- јануари 2012 21 написи
- декември 2011 22 написи
- ноември 2011 20 написи
- октомври 2011 22 написи
- септември 2011 11 написи
- август 2011 68 написи
- јули 2011 32 написи
- јуни 2011 23 написи
- мај 2011 51 написи
- април 2011 25 написи
- март 2011 27 написи
- февруари 2011 39 написи
- јануари 2011 60 написи
- декември 2010 47 написи
- ноември 2010 23 написи
- октомври 2010 12 написи
- септември 2010 18 написи
- август 2010 28 написи
- јули 2010 38 написи
- јуни 2010 79 написи
- мај 2010 17 написи
- април 2010 23 написи
- март 2010 41 написи
- февруари 2010 27 написи
- јануари 2010 16 написи
- декември 2009 6 написи
- ноември 2009 12 написи
- октомври 2009 16 написи
- септември 2009 28 написи
- август 2009 15 написи
- јули 2009 20 написи
- јуни 2009 23 написи
- мај 2009 33 написи
- април 2009 7 написи
- март 2009 9 написи
- февруари 2009 7 написи
- јануари 2009 18 написи
- декември 2008 21 написи
- ноември 2008 17 написи
- октомври 2008 34 написи
- септември 2008 39 написи
- август 2008 34 написи
- јули 2008 68 написи
- јуни 2008 45 написи
- мај 2008 60 написи
- април 2008 58 написи
- март 2008 48 написи
- февруари 2008 6 написи
- јануари 2008 2 написи
- мај 2006 1 напис
Водич за 2.0 застапување: Алатки за дигитално застапување
Водичот за 2.0 застапување ги опишува некои од најдобрите техники и алатки кои дигиталните активисти може да ги користат како дел од нивната онлајн кампања за застапување.
Последни коментари
Зошто еден граѓанин на Македонија го прекрши ветувањето дека никогаш повеќе нема да протестира
Само напред Том, се гледаме на барикадите или на некоја плажа... Нема да им помине
Овој сноубордер беше изгубен 2 ноќи во снегот, но луѓето не можат да престанат да...
Thank you for translating my post!
Един народ - две държави!