„Европските институции треба да го чуваат и надгледуваат правото на слободни, независни и плуралистички информации“. Ова е цитат од страницата на Mедиумската иницијатива која ја сумира главната идеја која стои зад пан-европската кампања која има за цел да ја поттикне Европската Комисија да воведе Директива која ќе го заштитува Медиумскиот плурализам и Слободата на медиумите.
Meдиумската иницијатива ја започна Иницијативата на европските граѓани – алатка за партиципативна демократија „која ќе им овозможува на коалициите на граѓанското општество да соберат еден милион онлајн и офлајн потписи во најмалку 7 држави членки на ЕУ со цел да го претстават предлогот пред Европската Комисија, а иститот е формиран врз база на ЕУ Директивата, и има за цел да иницира правни процеси“.
Петицијата е достапна на 15 јазици и може да се потпише онлајн:
Заштита на медиумскиот плурализам преку парцијална хармонизација на националните правила за поседување на медиумите и транспарентост, конфликт на интересите со политичките канцеларии и независност на телата за надгледување на медиумите.
Кратко видео кое ја претставува кампањата: