Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Египет: Рапување на револуцијата

Мелодии од Блискиот Исток ни носи група од рапери од Египет кои под името Arabian Knightz сакаат да ја пренесат нивната претстава во врска со неодамнешните настани кои ја тресат нивната земја. Од интернет страницата:

Во средина на револуцијата, раперска група од Египет, Arabian Knightz, ја објавува првата песна после револуцијата и по целосната блокада на интернет комуникација. Песната насловена како „Бунтовник“ е направена од страна на Ирон Куртаин и има карактеристики на музиката на Лорин Хил. „Бунтовник“ беше снимана точно во средината на револуцијата и потоа беше објавена уште првиот ден кога беа обновени интернет врските.

слика од http://mideastunes.com/arabianknightz/

Палците нагоре за веб-локацијата Мелодии од Блискиот Исток која ги претставува музичарите од Блискиот Исток кои сакаат да поттикнат социјална промена. Особено сега кога социјалната промена се случува насекаде низ регионот. Само минатиот месец, токму пред немирите во Тунис кои имаа за цел да го отстранат претседателот, музичарот познат како „Генералот“ беше уапсен. Мотивот? Неговата песна „Претседателе, твоите луѓе умираат“.

Можете да ја слушате „Бунтовник“, од Arabian Knightz преку плејерот прикажан на крајот од овој напис. Според нивната интернет страница, песната може бесплатно да се симне, слуша и дистрибуира; достапна е на интернет страницата Мелодиите од Блискиот Исток.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.