Русија и Чиле се придружуваат на глобалната кампања за спас на саудискиот поет од смртна казна

Ashraf Fayadh via Instagram.

Ашраф Фајад на Инстаграм.

Поети, уметници и активисти од 44 земји учествуваа на светското читање во поддршка на нивниот колега Ашраф Фајад кој беше осуден на смрт во Саудиска Арабија. Во склоп на глобалната кампања, координирана од Меѓународниот берлински книжевен фестивал, имаше над 120 настани од кои два се одржаа во Русија: во центарот „Сахаров“ во Москва и во книжарницата „Ворд Ордер“ во Санкт Петербург на 14 јануари 2016.

Триесетипет годишниот поет Ашраф Фајад за првпат беше уапсен од саудиската полиција по анонимна пријава. Беше ослободен со кауција, а на 1 јануари 2014 беше повторно уапсен. Прво, на Фајад му беше изречена казна затвор во траење од 4 години и 800 камшикувања заради отпадништво од верата и ширење атеизам во неговата збирка песни „Упатства одвнатре“, но по поднесената жалба неговиот случај беше вратен на повторно разгледување и на 17 ноември 2015 беше осуден на смрт. Моментално, Фајад ја чека конечната одлука на судот по другата поднесена жалба. Тој вели дека не е виновен и себеси се нарекува побожен муслиман.

IMG_2828

Москва, 14 јануари 2015. Фотофрафија: Владислав Калашник

„Штом слушнете за случајот на Фајад, веднаш сакате да дејствувате“

Центарот „Сахаров“ беше преполн со луѓе кои дојдоа да изразат солидарност со Фајад. Поддржувачите рецитираа песни – и негови и нивни. Како поет и уредник на издавачката куќа Корпус, Евгенија Лаут (организатор на московското читање) објасни дека речиси на сите им било тешко да сфатат дека постојат места каде поезијата може да донесе смртна казна. Според Лавут, луѓето дошле подготвени да го поддржат Фајад, убедени дека тоа „им доаѓа природно“.

Когда ты узнаешь про то, что происходит с Файядом, хочется сделать что-то. Сделать нечто большее, чем просто подписать петицию, поставить куда-то лайк. Вложить в это больше себя. И то, что придумал Берлинский литературный фестиваль, – это действительно способ сделать больше.

Кога слушате за Фајад и за неговата ситуација, сакате да направите нешто поважно од едно потпишување петиција или ставање „лајк“ на нечија објава на социјалните медиуми. Светската кампања за читање од Меѓународниот берлински книжевен фестивал е вистинскиот начин да се направи тоа.

Прв се обрати Станислав Лавовски, кој преку Скајп изрецитира неколку песни во негов превод. „Фајад зборува на многу специфичен, редок дијалект на глобалнииот поетски јазик. Тој умее да остане длабоко вкоренет во неговата култура додека се бори против нејзините најлоши нечовечки делчиња“ изјави Лавовски за Глобал Војсис. „Запознавањето со неговата поезија е ко запознавање со некој од друг свет, свет кој се чини нема ништо знаедничко со вашиот“.

Ashraf Fayadh’s poetry is a place of multiple encounters between of the open global westernized world and one of its autarchic, somewhat island-ish cultures. […] By means of his poetry he put himself in a position, which is all too dangerous in times like these – and in any other times to that matter. Fayadh—and others possessing enough courage – stand where cruel non-human winds of history cross paths. And they let these winds go through their words, bodies and lives. We owe them. I owe them. Because Fayadh is among those who set us free.

Поезијата на Ашраф Фајад е место на бројни средби меѓу отворениот глобален свет освоен од западот и оној на автархичните, на некој начин островски култури.[…] Со неговата поезија тој себеси се стави во позиција која е преопасна за вакви времиња, а и за кои било други времиња за таа тема. Фајад, а и другите кои се доволно храбри, стојат каде суровите нечовечки ветришта на историјата се вкрстуваат. А тие им дозволуваат на овие ветришта да дуваат низ нивните зборови, тела, животи. Им должиме. Им должиме. Зашто Фајад е меѓу они кои нè oслободија.

Анастасија Шипулина, студентка на Високата економска школа, ја рецитираше „Петролеумот е безопасен“ на арапски, оживувајќи го јазикот кој Фајад го користи во песната. На многумина, обвиненијата за ширење атеизам (односно одбивањето на Судниот ден и навредувањето на исламот) им се чинат апсурдни. Шипулина дискутираше дека за таквото мислење не ви треба профаното и додаде дека „Во речиси секоја песна на Фајад има цитати од Коранот. Тоа е изворот на лирската имагинација и чувството на морал“.

„Ниедна земја нема право на одмазда“

На настанот поетите расправаа дека во модерниот свет нема место за врска меѓу државата, религијата и луѓето која граѓаните може да ги стави во затвор, да им суди или да ги осуди на смрт само поради зборови или идеи. Некои говорници дури направија блага споредба меѓу ситуацијата на Фајад и настаните во Русија, пропратена со неодамнешни извештаи дека некои книги објавени од Фондацијата „Џорџ Сорос“ биле земени од една библиотека во Коми и запалени. (Извор: РуНет Еко добива средства од Институтот „Отворено општество“ чиј основач и претседател е Џорџ Сорос.)

„Од една страна, сфаќаме дека е неправедно размислување. Човек не треба ниту да се обидува да ги спореди дваесетте запалени книги со жив човек кого го чека смртна казна“, изјави познатиот руски поет Линор Горалик за Глобал Војсис. „Од друга страна пак, се соочуваме со систем кој си зема право да носи политички одлуки од естетски причини. Незамисливо е, а и неприфатливо“.

Речиси сите учесници прво изразија надеж и поддршка за Фајад во своите забелешки, и ги повикаа саудиските власти да ја одобрат неговата жалба и одново да го разгледаат неговиот случај.

Моменталното членство на Саудиска Арабија во Советот за човекови права при ОН ја прави ситуацијата на Фајад уште попроблематична. Поддржувачите на поетот се надеваат дека по притисокот од јавноста и кампањите за дигање на свеста владата ќе се засрами и ќе го помилува.

Саид Гафуров, експерт од Средниот исток, за Глобал Војсис изјави дека овие напори да се спаси Фајад може да бидат успешни. Дури и ако не бидат, Гафуров со сигурност вели дека молчењето за такви случаи не е опција и дека смртната казна е „ужасна, неверојатна и едноставно неприфатлива“ во 21 век.

Казнь любого поэта – это потеря для всего человечества. Мы не знаем, может, будет казнен поэт, чье творчество через 500 лет войдет в школьные хрестоматии. Или вошло бы, если бы ему не отрубили голову.

Погубувањето на еден поет е загуба за човештвото. Зашто сите знаеме дека можеби убивате поет чии дела за 500 години ќе бидат задолжителни четива во школите. Или можеби ќе биле, да не му ја пресечеле главата.

Според Гафуров, на Саудиска Арабија ѝ е потребно независно судство: „владата ги поднесува сите обвиненија, владата ги спроведува обвиненијата, ја одредува пресудата и ја спроведува – сè во интерес на една единствена фамилија“.

Во меѓувреме, во Чиле и Мексико

И во јануари, во Сантијаго имаше протест за ослободување на Фајад. Со наслов „протест на белите марамчиња и цвеќиња“, демонстрантите се засадија пред амбасадата на Саудиска Арабија. Собирот беше организиран од страна на ОПЧ (Општеството на писатели на Чиле), ПЕН клубот на Чиле, Descentralización Poética (Поетска децентрализација), ЗССЧ (Здружението на сликари и скулптори на Чиле), Fundación Neruda (Фондациите Неруда) и ChilePoesía (Чиле поезија). Претходно, истата група организираше концерт и протест со поетско читање пред куќата на Пабло Неруда.

Претседателот на ПЕН клубот на Чиле, Хорхе Радал рече:

Conocimos, en otra épca de este país la persecución y la crueldad del Estado y por ello, como chilenos y como artistas asumimos el deber de exigir la liberación inmediata y el respeto de los derechos humanos de un creador y un hombre cuyos derechos han sido vulnerados.

Во едно поинакво време, и прогонувањето и суровоста на државата [во Чиле] ни беа познати, и како Чилеанци и уметници ја преземаме должноста да бараме итно ослободување [на Фајад] како и почитување на човековите права на оној чии права беа прекршени.

Хозе Марија Мемет, директор на Чиле Поезија, изјави:

Junto a poetas y escultores, nos pusimos de acuerdo para en Chile, llevar la figura de este poeta, y pedir al Estado chileno que apoye la liberación de este verdadero caso de violación a los derechos humanos

Поетите и скулпторите се согласија да го доближат овој поет до Чиле и да побараат од државата да го поддржи неговото ослободување – вистински случај на кршење на човековите права.

Мемет додаде:

La casa de Neruda es un icono mundial y a nosotros nos interesa dar una señal al mundo , de que estamos prestos, claros, y que nuestra imagen está al servicio de un poeta perseguido

Куќата на Неруда е светска икона, а ние сакаме да му дадеме знак на светот дека сме спремни да го браниме прогонетиот поет.

Мемет сега чека да види дали и чилеанската влада ќе се спротистави на казната на Фајад.

Исто така, во Мексико Сити се одржа настан организиран од ПЕН Мексико каде неколку реномирани писатели го славеа делото на Фајад и во јавно писмо испратено до саудиската амбасада побараа тој да биде ослободен.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.