Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Кувајт: Странци кои брзо возат се непожелни

Новиот сообраќаен закон кој што ги депортира од земјата странците кои ќе направат прекршок во сообраќајот создава бранувања во Кувајт. Додека еден блогер прашува зошто е целата врева кога другите земји веќе имаат имплементирано слични правила, друг тврди дека новите правила се многу строги.

Форзаг8 им вели на оние кои имаат поплаки за новиот закон за сообраќај дека го добиле тоа што го посакувале – по години посакувајќи Кувајт да биде како Обединети Арапски Емирати (ОАЕ).

Форзаг8 објаснува:

Кој го нема чуено ова или некои варијации од него?
„Сакаме да бидеме како ОАЕ“
Доста ми е од тоа, го слушам постојано, зошто не САД? или Јапонија?
Па сега правиме нешто како и ОАЕ и луѓето се жалат.

Фонзи мисли дека законот е нефер – дека протерувањето е премногу строга казна. Тој забележува:

Јас имам целосно почитување и комплетно го поддржувам министерството, кое се обидува да наметне правила во сообраќајот во Кувајт. Но во некои случаи, мислам дека тие претеруваат со казните. Само прочитајте го написот во Араб Тајмс за странците кои не ги почитуваат сообраќајните правила. По се изгледа, сега тие може да бидат депортирани доколку поминат на црвено светло и имаат претходни сообраќајни прекршоци… со други зборови, 2 прекршока и одиш надвор! (…)

Лично мислам дека депортирањето е многу екстремно. Дури казнувањето парично или притворањето беше премногу. Што мислите за земање на возачката дозвола како почеток?

Сѐ уште на темата за сообраќај, Бузбери објавува табела со прекршоци во сообраќајот и нивните паричните казни, додека Марзоук од З Дистрикт е бесен на властите, бидејќи целосно затвориле ленти од автопатот за да превезат странски претставници кои учествуваат на конференција во земјата.

Разбеснетиот Марзоук објаснува:

Немаше никакво известување за сообраќајот или дека полицијата ќе ги блокира патиштата. Ги читав весниците и во нив не беше спомнато вакво нешто, средба во палатата Бајан со луѓе кои доаѓаат од различни држави. Ова предизвика неколкучасовен хаос на патиштата на Кувајт, мразев што сум надвор за време на овој пеколен сообраќај. Вообичаеното 20 минутно возење траеше час и 10 минути, а 15 минутното патување значеше еден час во кола. Полудев седејќи во кола и возејќи со 10 km/h, знаејќи дека гужвата е создадена од идиоти кои не го испланирале ова. Треба да имаат флота од хеликоптери за транспорт на овие високи претставници, наместо да создадат 7 часовен хаос во сообраќајот без никакво предупредување.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.