Посета на папата на САД: Реакции од светот

Додека папата Бенедикт 16 ја извршува својата прва посета на Соединетите Држави, медиумите и блогосферата го искажуваат својот бес – главно поради сексуалниот скандал за злоупотреба кој го размрда раководството на Американската католичка црква пред шест години. Папата се обрати на оваа тема во Вашингтон во четвртокот, разговараше со некои од жртвите на сексуалните злоупотребувања, што беше доволно за некои блогери, но за други тој чекор беше предоцна.

Дарил Волк, канадски блогер од претходната категорија, изјавува:

Како католик, се радувам што папата Бенедикт 16 се обрати на оваа тема директно. Ќе бидат потребни многу повеќе од зборови и извинувања за да се излечат лузните предизвикани од постапките на некои свештеници кон жртвите. Мислам дека денес мојата црква направи чекор во вистински правец.

Леон Ј. Сусеран од Гујана Кроникал Блог, посакува да бил таму:

Доколку некогаш сум посакал да бидам во Соединетите Држави тогаш тоа е токму сега, кога лидерот на 1.2 милијарди Католици, папата Бенедикт 16 го има своето прво апостолко патување кај таа нација. Неговата посета доаѓа во време кога Римокатоличката Црква е нападната од сите страни, вклучувајќи ги неодамнешните скандали за сексуални злоупотребувања кои ја размрдаа црквата, но не и верата на милиони верници низ целиот свет, кои и понатаму продолжуваат да ја практикуваат верата која им е понудена од апостолите.

Од Тринидад и Тобаго, Џереми Тајлор, од друга страна, е фрустриран од пасивноста на папата:

Не е доволно тоа што папата е засрамен од неговите американски педофили свештеници, како што тој вели дека е денес во неговото патување во САД. Тој мора да направи нешто околу нив. Всушност, многу повеќе од “нешто“.

Талк Туркеј се прашува какво влијание ќе има посетата на папата на изборите во САД:

Се прашувам дали папата ќе ги посети Обама, Хилари и Мекејн. Сепак ова е година на избори. Во САД има 70 милиони католици, меѓу кои јас мислам дека има и такви кои доживеале развод, применувале секс пред брак, имале абортус, и биле (или знаат некој кој бил) злоупотребувани како деца од свештениците.

И Дејв Веиндерг од Џевнерик се фокусира на позитивните страни од посетата на папата на синагогата, што претставува историска случка:

Посетата на папата на американско школо е многу голема работа и навистина го покажува позитивниот напредок на нашите две заедници. Дури и посоодветно е тоа што папата ја посети синагогата вечерта на Пасха, со тоа што Последната Вечера беше Седер.

Фотографијата е лиценцирана под Криејтив комонс од џон.сондерман

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.