Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Иран: Мистериозна експлозија во џамија

Во јужен Иран, во експлозија во џамија во градот Шираз на 12ти април, загинаа најмалку 12 луѓе и повредени се околу 200 луѓе. Фарс, полу-службена владина веб-страница изјави дека силната експлозија била предизвикана од бомба. Подоцна, неколкумина Ирански службени лица инсистираа на тоа дека експлозијата била резултат на несреќен случај. Имамот од џамијата верува дека тоа било напад со бомба од страна на неидентификувани борбени активисти, и ги нарече жртвите “маченици”.

Иранските блогери ја покрија оваа приказна и ги споделија нивните мислења за овој крвав настан и гласините околу него.

Нецас вели [Fa]:

За мене како Ирачанец, цензурирањето на овие вести во Иранските медиуми е многу значајно. До 2 часот изутрина немаше вести за оваа експлозија на Иранската телевизија. Истата станица прикажа стории за држење на заложници во училиштата или супермаркетите во САД и започна да шпекулира околу тоа. Потоа ќе кажат дека САД наметнува цензура на своите медиуми. Во Иран, 12 часови по експлозијата, се објави веста, и тие изјавија дека експлозијата не била предизвикана од бомба. Тие не ги нарекуваат жртвите маченици, туку едноставно мртви луѓе.

Видео клипот од оваа експлозија беше гледан повеќе од 60,000 пати на ЈуТјуб. Неколку моменти по експлозијата прикажана на видеото, еден глас им вели на луѓето да се евакуираат, и исто така вели, “Наша желба е да станете маченици…”:

Парчам ја критикува [Fa] Иранската ТВ поради тоа што не ги споменала вестите во врска со експлозијата. Блогерот вели, можеби вие ќе помислите дека Арапите мора да се вистинските сопственици на Иран, штом вестите од Ирак и Палестина се прикажуваат веднаш, но не и нашите.

Религиозниот центар го фокусираше своето учење на вербата во Бахи и Вахабизам.

Бачеја Кат пишува [Fa] за религиозниот центар Рахпојан Весел. Блогерот вели дека еден млад свештеник кој беше ранет во војната меѓу Иран и Ирак, по име Мухамед Анџавинеџад бил основачот. Иако најголем дел од публиката се смета дека се млади луѓе на возраст меѓу 15 и 20 години, некои сметаат дека учењето е застарено, и се шегуваат дека неговите следбеници спијат во празни гробови на гробиштата. Блогерот додава дека членови на религиозната група се кандидираа во општинските избори но добија само едно место од вкупно 11 во Градскиот Совет.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.