Мајката природа му ја покажа својата сила на човештвото, дозволувајќи му на исландскиот вулкан со тешко изговорливо име „Ејафјалајокул“ да ја исполни европскиот воздушен простор со пепел. Како што облакот од вулканска пепел почна да се движи накај исток, се повеќе и повеќе аеродроми се затвораа, а тоа доведе до колапс на голем дел од европскиот воздушен сообраќај. Руските блогери, исто така засегнати од природната катастрофа реагираа на различен начин: правеа шеги, споделуваа информации, изразуваа вознемиреност и си нудеа помош едни на други.
Најактивната дискусија се водеше на виртуелната заедница Livejournal (30.000 посетители). Модераторите мораа да направат таг „вулкан“ [руски] со цел да го олеснат пребарувањето низ масата стории поврзани со ерупцијата. Блогерите си помагаа едни на други, давајќи си консултации во врска со правата на патниците, практиката на авиокомпаниите, понудата на хотелите и маршрутите за копнен превоз.
Некои блогери освен што споделуваат информации, ја понудија и својата помош. Lacrizza се понуди да земе неколку луѓе од аеродромот во Москва – Шереметјево и да им обезбеди привремено сместување. Nata_vasilisa го понуди истото во Краков, Полска [руски]:
Если у вас кто-то застрял в Кракове в связи с вулканом, и негде переждать облако – я могу приютить.
Облозите исто така беа дел од оваа дискусија. Lj-user asy предложи [руски] да се направи облог за денот на завршување на забраната за летови. Во прилог се прикажани најинтересните:
так как наш рейс на завтра с вероятностью 99,999% отменят, то сделаю ставку, что именно полное снятие ограничений будет в районе 3-4 мая. Правда к тому времени большинство а/к обанкротятся в виду возвратов денег за полеты 🙂
У меня билеты в Париж на 9 мая. шансы к тому времени 50/50. но я вообще думаю что конец света наступает- так что….думаю что больше ничего летать не будет
Allevtinka саркастично одговори на тоа:
вот кстати да! прошлый раз этот вулкан пыхал 2 года подряд. (200 лет назад). Если к 2010+2=2012 🙂 как всё просто, однако!
ingushetiya_ru го цитираше делот од Куранот, кој што се однесува на апокалипсата:
Исчекувајте го Денот кога на небото ќе се појави видлив чад.
Yuri-yum упатува на тоа дека ерупцијата е повеќе случај на содомија (неприроден полов однос) отколку Суден ден. Тоа се однесува на личноста на исландската премиерка Јохана Сигурдардотир, која е прв светски лидер на хомосексуалците.
Темата за апокалипсата била прилично популарна меѓу блогерите. Некои од нив споделија слики од Владимир Манјукин [руски], кои ја опишуваат Москва после „нуклеарната зима“.
dmitrivrubel напиша [руски]:
Летайте самолётами компании “Эйяфьятлайокудль”! Почему до сих пор не придумали шлягера, мультика, нет ни одного сувенира? Ведь какой замечательный персонаж – м-р Эйяфьятлайокудль. И его супруга Мирдальсйёкюдль, которая ещё не проснулась.