11-годишен Кинез кој се грижи за животната средина и рециклирање на електрично коло

Блогот “Кросроудс”, кој се осврнува на корпоративната социјална одговорност во Кина, го привлече нашето внимание со еден напис за 11-годишно момче кое се грижи за животната средина во југозападна Кина. Младото момче си зададе самиот задача да го истражи изворот на загадувањето на реката и така го привлече вниманието на новинарите и службените лица.

Минатиот октомври, Чен си играше на брегот на реката Џиалинг со своите родители и пронајде отпадоци во водата. Ова го поттикна да пронајде од каде дошло до тоа. По 6-месечно истражување во своето слободно време, Чен напиша извештај за загадувањето на реката и предложи некои мерки како да се исчисти.

Рич исто така пишува за 11 годишниот енвиронменталист, велејќи

Ова е уште еден случај за тоа како јас размислувам дека Кина еден ден ќе развие однос кон чистењето на својата околина. Индивидуалци, и колективи, ќе бидат мотивирани на лично ниво да водат истрага за загадувачите, да извршуваат истражување, да развијат решенија и да вршат притисок врз локалните службени лица и бизнисите.

Во меѓувреме, Чајна Инвајорментал Њуз Дајџест постираше еден напис за рециклирањето што може да биде лошо за околината; расклопувањето на електричното струјно кола. Написот се повикува на едно ново истражување за рециклирањето на електроника во Кина од универзитетот Хонг Конг Баптист. Истражувањето покажало дека во еден град во југоисточна Кина, една семејна работилница за рециклирање имала високо ниво на опасни метали, и дека луѓето ширеле затруен прав околу себе додека оделе наоколу.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.