Македонија, Казахстан: Триумфални капии за прослава на 20 години независност
Водачите на две бивши социјалистички земји имаат одбрано градење ист вид архитектонски дела – триумфални капии – со цел одбележување на двете децении на одвојувањето на нивните држави од поголеми федерации. Така, Казахстан прослави 20 години независност од СССР, а Македонија – од СФРЈ.
На 16 декември 2011 година, додека владините безбедносни сили го разбивале штрајкот во Жанозен пукајќи во рударите што протестираат, претседателот на Казахстан Нурсултан Назарбаев ја отворил триумфалната капија „Манглик Ел“ („Вечна Земја“) во Астана, како дел од прославата на 20-годишнината од независноста. Според изјавата на Јутјуб-профилот на премиерот Карим Масимов:
Триумфалната капија што беше подигната на иницијатива на претседателот стана уште еден симбол на Казахстанската независност.
На 6 јануари 2012 година, премиерот на Македонија Никола Груевски ја отвори „Порта Македонија“ во Скопје. Оваа триумфална капија требаше да биде отворена на 20-годишнината од независноста, на 8 септември 2011 година, но имаше пробивање на роковите за градба. Сепак, недовршената порта беше искористена во грандиозната прослава (1, 2, 3, 4), која беше постојано повторувана на државната телевизија, како и на церемонијата за пречек на репрезентацијата која се враќаше од Европското првенство во кошарка.
Во текот на неговиот 30-минутен говор, премиерот на РМ ја даде и многу коментираната изјава дека токму тој, лично, е креаторот и главниот поддржувач на проектот Скопје 2014, кој ќе остави незаобиколен белег во историјата.
Тој прво се заблагодари на сите противници на овој „добар, квалитетен и корисен“ прокет во кој „нема ништо лошо“, т.е. на опозицијата, сите негови неистомисленици, НВО-секторот, кои со:
„…сета жар и максимална посветеност работеа на максимално оцрнување на овој проект, со надеж дека на тој начин ќе ме оцрнат мене и моите соработници, како и актуелната политичка гарнитура“, рече премиерот.
Лично смета дека и дека уметниците на овој начин добиваат слава и излегуваат од анонимност по нивната смрт.
- Ова воопшто не го говорам во циничен или ироничен стил доколку некој така ме разбира. Колку поголем е интересот за некое дело, во смисла да биде искритикувано и понижено, толку повеќе расте и мотивацијата и концентрацијата на квалитетот на делото…
Никола Гелевски, независен издавач и основач на порталот за критичко размислување Окно, искоментира дека „Дискретното признание дека е автор на најшарлатанскиот проект во историјата на Македонија (според мене), беше единствената позитивна точка во инаку пословично досадниот (ама екстремно демагошкиот) говор“ на премиерот.
Главни точки кои Гелевски ги посочи во анализата на говорот се:
- „Оној кој ги злоупотребува уметноста и архитектурата за политички цели – обвинува за политизација!
- „Зарем ние Груевски не го избравме да ја води владата како политичар, а не како уметник, демијург, пророк и месија?!“
- „Еден ден, а тој ден ќе дојде релативно брзо, ќе се види дека „Скопје 2014“ е голема пљачка на народните пари“
- „Сите постари споменици во земјата се девастирани на најпонижувачки можен начин, додека новите груевистички споменици „се бранат“ со цели чети чувари ангажирани од приватни агенции“
Триумфалната капија беше најконтроверзниот елемент на проектот Скопје 2014. Многу од неговите критичари ја посочуваа како излишна и демоде. Капијата во Астана е висока 20 метри, кои ги симболизираат 20 години независност. Скопската е висока 21 метар, а не е понудено објаснение за значењето на ова решение.
Во новинските извештаи не се наоѓа и податокот за цената на казачката капија, додека нејзината македонска колешка чинела 4,4 милиони евра. Секојдневните намени (на англиски, со фотографии) на оваа градба вклучуваат продавање сувенири и обезбедување простор за свадби (или фотографии за младенците) на највисоката платформа.
Блогерот Сеад93 запиша:
Пред некој ден официјално беше отворена „Порта Македонија“ во Скопје. По стотици репризи на преносот од овој настан на јавниот сервис ова и не е баш некоја информација, но нејсе, муабетот е следен:
Секоја чест на оној кој ја крстил Порта Македонија, но мислам дека овој пат требаше да се послуша народот кој, далеку од случајно, почна да ја вика портата „Триумфална“. Не се работи тука за проста визуелна сличност со таму-си-некои-порти од не-знам-кои-си земји и градови, туку за една потреба за артикулирање на триумфализмот кој се случува во нашите живеачки. На народот му треба обележје каде триумфализмот ќе најде свое место и каде ќе може да се канонизира, или стандардизира.Имено: покрај порта за триумфално марширање на спортисти, уметници, научници, лауреати и други заслужници, портата би била идеална за триумфално марширање на нашите гастарбајтери кои се враќаат во посета. Тука би можеле тие да измаршираат колку им душа сака во своите нови луксузни автомобили (без разлика дали се нивни или рентани), би било место за прикажување и покажување на сиот свој печалбарски сјај. Замислете таква глетка: кога и да појдеш некој гастарбајтер триумфално маршира, се воодушевуваш, воздивнуваш, се инспирираш! Момите би можеле полесно и да кандисаат некој младоженец, а и обратно. Би бил тоа наш Фешнченел, светско, а наше.Е тоа драги мои би бил практичен и исплатлив потег за почит, но ај, кој да послуша?
Лингвистичкото тврдење го потврди и Зорив, во неговиот пост со кој ја пофали капијата:
…име кое воопшто не кореспондира со архитектонското здание, но тоа е најмалку важно. Важно е дека градот Скопје доби здание кое ќе му даде сосема нов лик и симболика на главниот град на Република Македонија, а за неговата естетика и понатаму ќе се кршат многу копја помеѓу двата табора на македонските архитекти, кои никако во догледно време да се договорат дали чашата е полупразна или полуполна со вода. Јас како граѓанин на Скопје кога поминувам покрај Собранието на РМ и одам кон централниот и западниот дел на Скопје, тримфалната арка или порта, пардон ПАЛАТА МАКЕДОНИЈА ми прави голема убавина и празник на окото, со една замерка и прашање дали беше моментот да се изгради или не во ова време на економска криза , времето ќе покаже.
Одговарајќи на импликациите кои се јавуваат поради споредбите помеѓу Казахстан и Македонија, Зорив наброја низа други триумфални капии од целиот свет, обидувајќи се да покаже дека таквите споменици се сосем нормални: Триумфалната Порта, Сиегестор (анг. Siegestor) во Минхен, Капијата на Велингтон (анг. Wellington Arch) во Лондон, Нарва (анг. Narva) во Санкт Петербург, Бранденбуршката Капија (анг. Brandenburg Gate) во Берлин. Тој не ја испушти ни највисоката од сите нив – Триумфалната Капија (анг. Arch of Triumph) во Пјонгјанг, Северна Кореја.
На Фејсбук, членовите на владеачката партија се обидуваа да докажат дека градење триумфални капии не е анахрона практика поврзана со деспотските режими со империјални амбиции, со тоа што ја ширеа фотографијата на Милениумската Порта (анг. Millennium Gate) од Атланта, изградена во 2008 година во демократските САД. При тоа, не беше земан предвид фактот дека тој „кичерајски МекСпоменик што на целиот свет му укажува на комплекс на културна помала вредност“ (коментар од форум за архитектура цитиран на англиски од Лос Ангелес Тајмс) бил финансиран преку приватни донации, а не со државни пари.
Дури и кога прашањата за можната корупција и провизии за градителите не се предмет на дискусија, сепак постојано се појавува прашањето за оправданоста на трошењето на парите за Скопје 2014. Ова особено важи за Портата, во ситуација кога мнозинството од македонското население тоне сè подлабоко во сиромаштија, а во државниот буџет има сè помалку пари за основни инфраструктурни услуги.
На пример, корисникот на Твитер БанеКома го објави колаж со контрастни фотографии од капијата и состојбата на државната клиника за педијатрија, која е дел од руинираниот систем на јавно здравство.
Категории

Започни ја конверзацијата
11 февруари: Денот кога го враќаме ударот

Придружете ни се!
Месечна архива
- јануари 2021 1 напис
- октомври 2020 1 напис
- јули 2020 1 напис
- мај 2020 1 напис
- април 2020 2 написи
- март 2020 3 написи
- февруари 2020 2 написи
- јануари 2020 2 написи
- декември 2019 2 написи
- октомври 2019 1 напис
- септември 2019 1 напис
- август 2019 1 напис
- јули 2019 1 напис
- јуни 2019 1 напис
- мај 2019 3 написи
- април 2019 1 напис
- март 2019 8 написи
- февруари 2019 5 написи
- јануари 2019 4 написи
- декември 2018 1 напис
- ноември 2018 5 написи
- октомври 2018 9 написи
- септември 2018 4 написи
- јули 2018 2 написи
- јуни 2018 1 напис
- мај 2018 3 написи
- април 2018 5 написи
- март 2018 3 написи
- февруари 2018 12 написи
- јануари 2018 19 написи
- декември 2017 1 напис
- ноември 2017 2 написи
- октомври 2017 6 написи
- септември 2017 1 напис
- август 2017 7 написи
- јули 2017 4 написи
- јуни 2017 5 написи
- мај 2017 11 написи
- април 2017 8 написи
- март 2017 27 написи
- февруари 2017 5 написи
- јануари 2017 7 написи
- декември 2016 3 написи
- октомври 2016 1 напис
- јули 2016 2 написи
- мај 2016 3 написи
- април 2016 3 написи
- март 2016 3 написи
- февруари 2016 5 написи
- јануари 2016 15 написи
- декември 2015 18 написи
- ноември 2015 5 написи
- септември 2015 7 написи
- август 2015 1 напис
- јули 2015 1 напис
- јуни 2015 7 написи
- мај 2015 13 написи
- април 2015 10 написи
- март 2015 17 написи
- февруари 2015 46 написи
- јануари 2015 15 написи
- декември 2014 17 написи
- ноември 2014 5 написи
- октомври 2014 21 написи
- септември 2014 27 написи
- август 2014 27 написи
- јули 2014 38 написи
- јуни 2014 4 написи
- мај 2014 26 написи
- април 2014 8 написи
- март 2014 13 написи
- февруари 2014 5 написи
- јануари 2014 16 написи
- декември 2013 9 написи
- ноември 2013 3 написи
- октомври 2013 1 напис
- септември 2013 13 написи
- август 2013 18 написи
- јули 2013 16 написи
- јуни 2013 12 написи
- мај 2013 16 написи
- април 2013 22 написи
- март 2013 16 написи
- февруари 2013 55 написи
- јануари 2013 15 написи
- декември 2012 17 написи
- ноември 2012 20 написи
- октомври 2012 14 написи
- септември 2012 34 написи
- август 2012 41 написи
- јули 2012 33 написи
- јуни 2012 41 написи
- мај 2012 19 написи
- април 2012 29 написи
- март 2012 36 написи
- февруари 2012 41 написи
- јануари 2012 21 написи
- декември 2011 22 написи
- ноември 2011 20 написи
- октомври 2011 22 написи
- септември 2011 11 написи
- август 2011 68 написи
- јули 2011 32 написи
- јуни 2011 23 написи
- мај 2011 51 написи
- април 2011 25 написи
- март 2011 27 написи
- февруари 2011 39 написи
- јануари 2011 60 написи
- декември 2010 47 написи
- ноември 2010 23 написи
- октомври 2010 12 написи
- септември 2010 18 написи
- август 2010 28 написи
- јули 2010 38 написи
- јуни 2010 79 написи
- мај 2010 17 написи
- април 2010 23 написи
- март 2010 41 написи
- февруари 2010 27 написи
- јануари 2010 16 написи
- декември 2009 6 написи
- ноември 2009 12 написи
- октомври 2009 16 написи
- септември 2009 28 написи
- август 2009 15 написи
- јули 2009 20 написи
- јуни 2009 23 написи
- мај 2009 33 написи
- април 2009 7 написи
- март 2009 9 написи
- февруари 2009 7 написи
- јануари 2009 18 написи
- декември 2008 21 написи
- ноември 2008 17 написи
- октомври 2008 34 написи
- септември 2008 39 написи
- август 2008 34 написи
- јули 2008 68 написи
- јуни 2008 45 написи
- мај 2008 60 написи
- април 2008 58 написи
- март 2008 48 написи
- февруари 2008 6 написи
- јануари 2008 2 написи
- мај 2006 1 напис
Водич за 2.0 застапување: Алатки за дигитално застапување
Водичот за 2.0 застапување ги опишува некои од најдобрите техники и алатки кои дигиталните активисти може да ги користат како дел од нивната онлајн кампања за застапување.
Последни коментари
Зошто еден граѓанин на Македонија го прекрши ветувањето дека никогаш повеќе нема да протестира
Само напред Том, се гледаме на барикадите или на некоја плажа... Нема да им помине
Овој сноубордер беше изгубен 2 ноќи во снегот, но луѓето не можат да престанат да...
Thank you for translating my post!
Един народ - две държави!