Прастариот ирански фестивал на огнот, познат како „Chaharshanbe Suri“, докажува дека Доналд Трамп беше апсолутно во право – иако несвесно – кога го обвини Иран дека „си игра со оган“ минатиот месец.
На почетокот на февруари, претседателот на САД, Трамп, „испали“ неколку „запаливи“ твитови за Иран, кои следат по неговата извршна наредба со која им се забранува на граѓаните на Иран (меѓу другите) да патуваат во САД.
Iran is playing with fire – they don't appreciate how “kind” President Obama was to them. Not me!
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) February 3, 2017
Иран си игра со оган – тие не ценат колку „добар“ беше претседателот Обама со нив. Не и јас!
Трамп ја критикуваше политиката на зближување со Иран на поранешниот претседател Барак Обама, кој постигна договор за нуклеарни оружја и отстрани неколку санкции против Иран.
Кон крајот на јануари, Иран лансираше тест-ракета која помина 600 милји, наводно со цел испитување на посветеноста на претседателот Трамп кон ветувањата во нуклеарниот договор со Иран, во кој се остава простор за Иран да спроведува тестови со ракети.
Iran has been formally PUT ON NOTICE for firing a ballistic missile.Should have been thankful for the terrible deal the U.S. made with them!
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) February 2, 2017
Иран формално е ПРЕДУПРЕДЕН за лансирањето на балистичката ракета. Треба да е благодарен за ужасниот договор кој го имаат со САД!
На интернет, користењето на фразата „играње со оган“ од страна на Трамп, анимираше многумина запознати со „Chaharshanbe Suri“, т.е. “Персискиот фестивал на огнот,” кој Иранците традиционално го прославуваат на последната среда пред иранската нова година.
Trump is wrong about Iran playing with fire, Chaharshanbe Suri isn't until March. ? ??
— Alkaline Trejo (@alkalinetrejo) February 3, 2017
Трамп греши за тоа дека Иранците си играат со оган, „Chaharshanbe Suri“ започнува дури во март. ? ??
@realDonaldTrump hey mothafucker do you know chaharshanbe suri?
We don't play , we jump it.— × گنگستر بنگ گستر × (@EmiroSharif) February 3, 2017
@realDonaldTrump еј мајко***чу дали си чул за chaharshanbe suri? Ние не си играме, го прескокнуваме.
For once in your life you tweeted the truth! We DO play with fire! It's called Chaharshanbe Suri & it's a beautiful ancient tradition. ? ?? https://t.co/Np6WmClBG4
— تینا (@tinahassannia) February 4, 2017
Еднаш во животот ја твитна вистината! Ние СИ играме со оган! Тоа се вика Chaharshanbe Suri и е прекрасна прастара традиција.? ?? https://t.co/Np6WmClBG4
Иранскиот календар започнува со почетокот на пролетта на северната хемисфера, на 21 март. Новогодишната прослава, сепак, започнува вечерта пред последната среда од годината, кога луѓето палат логорски огнови и скокаат преку пламенот, додека пуштаат огномет.
Како што славениците скокаат преку огнот, тие велат:
زردی من از تو ک سرخي تو از من
Одземи ми ја жолтата, дај ми ја твојата црвена.
Со други зборови, луѓето велат, „Отстрани ја мојата слабост и дај ми ја твојата сила“. Оваа фраза изразува надеж за среќа во новата година.