Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Велика Британија: Борба против имиграциските казнени центри за деца

Кон крајот на минатата година, група британски граѓани лансираше едноставна кампања со цел ставање крај на затворање на новороденчињата и на децата од страна на властите одговорни за контрола на имиграцијата. Кампањата беше наречена End Child Detention Now или ECDN (Сопрете го притворот на децата веднаш) и оттогаш беше поддржана од видни личности од Британија, кои собраа голем број потписи – речиси 4.600 досега – за петицијата адресирана до британската влада. Јас ѝ се приклучив на групата во февруари, за да помогнам во онлајн кампањата.

Велика Британија е единствената европска земја каде децата на барателите на азил се ставени во центри за притвор [за странци] без временско ограничување: околу 2000 секоја година, а некои остануваат таму и по неколку месеци. Другите земји, како на пример Австралија, веќе започнаа со акција и активно се залагаат децата повеќе да не се сместуваат во центрите за притвор.

Кампањата спроведена од страна на волонтерите од ECDN, исто така, насочена е кон сензибилизација на јавноста за случаите во кои деца се третираат како возрасни, а всушност имаат помалку од осумнаесет години. Овој месец му дојде редот на „М“ (идентитет останува анонимен поради правни причини), четиринаесетгодишно авганистанско момче, уапсено поради тоа што било заменето за возрасен, во опасност да биде депортирано од Велика Британија, да не стигнеше одлуката за ослободување од судијата, во очекување на сослушувањето за судска ревизија [момчето, на сликата погоре, со својот постар брат].

Приказната на „М“ ја раскажува Клер Сембрук, координатор на кампањата на сајтот на Open Democracy(Отворена демократија), каде што исто така, зборува за седумнаесетгодишната Рима, која го избегнала верскиот прогон во Еритреја. Раскажувајќи ја приказната на Рима, таа вели:

Рима побегнала, селејќи се од куќа во куќа, живеејќи суров живот, сè до пред дванаесет месеци, кога Алисон и Роберт конечно ја прифатиле како сопствена ќерка. Во мај минатата година Рима била фатена и затворена во Дунгавел,поранешен затвор.

Кога нејзиниот адвокат поднел жалба за повторно разгледување на случајот, британскиот миграционен центар ја извлече од својата надлежност пренесувајќи ја кон југ на 356 милји оддалеченост во мобилно оклопно возило, за да стигнат до озлогласениот центар воден од СЕРКО во Бедфордшир. Уште една жалба ја спречи нејзината депортација на друго место. По една недела во Бедфордшир, Рима беше повторно дома.

Потоа, минатиот месец, ден по Свети Валентин, владата ја известила Рима дека за неколку недели насила ќе биде пренесена во Италија. Семејството ревносно бара милост, дочекувајќи го секое утро во страв дека на нивната врата ќе се појават агентите на Центарот за миграција.

Сембрук вака продолжува:

Судбината на „М“и онаа на Рима висат на конец – токму овде, во Велика Британија, каде што барањето азил е право, а не криминал, и каде што, според тврдењата на Владата, сите деца се важни.

Постојат и други проекти чија цел е да извршат притисок врз владата за да почне да ги решава проблемите со приведувањето на деца.
Дури и NCADC (Национална коалиција за кампањи против депортацијата, која ги поврзува различните национални кампањи од ваков тип), на пример, исто така, го покрена случајот на „М“ и предложи идеи за преземање дополнителни мерки.

Организацијата Mедицинска правда бара од лекарите да пратат апел во корист на кампањата. Во петицијата адресирана до нив се вели:

Административниот притвор несомнено им штети на децата, а тоа е неприфатливо во едно општество кое се декларира за цивилно. Бараме итно стопирање на оваа практика која предизвикува видливо и трајно уништување на здравјето на децата, на краткорочно и долгорочно ниво.

Меѓу другите поврзани групи се и Bail for Immigration Detainees (Кауција за миграциските притвореници) и кампањата Citizens for Sanctuary (Граѓани за засолништа).

По објавувањето на еден неодамнешен извештај, печатот со внимание ја следеше веста.Во ECDN постои надеж дека блогерите и корисниците на социјалните мрежи сè повеќе ќе се ангажираат за оваа цел. Кампањата може да се следи на Twitter @stop_child_det или на Facebook групата.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.