Во Русија има затвор кој прави вирални ЈуТјуб видеа

Image: USFIN.OMSK / YouTube

Фотографија: USFIN.OMSK / ЈуТуб

Кога ќе помислите на руските затвори, обично не си замислувате музички флешмоб или снимање аматерски филмови, но токму тоа редовно се случува во државниот казнено поправен дом Број 7 во Омск, каде особено инвентивниот заменик директор, Андреи Зјузко, се здружува со затворениците и заедно прават вирални видеа за ЈуТjуб.

Еден од првите хитови на ЈуТjуб од затворот беше флешмобот од 9 мај 2015 кој се одржа во чест на Денот на победата, кога Русија ја слави победата на Советскиот Сојуз над нацистичка Германија. Во тоа видео, кое сега има повеќе од 9000 прегледи, стотици затвореници маршираат во совршена формација, и застануваат за да ги спелуваат зборовите „70 [години] победа.“

Следниот месец, затворот се придружи на милионите Руси кои му оддадоа почит на еден од најсаканите рок музичари од СССР, Виктор Цои, на денот на неговиот 53 роденден. Затворениците повторно маршираа во формација, овојпат спелувајќи ги зборовите „Цои живее“. Бенд составен од затвореници исто така изведе една од песните на Цои. Во еден момент од видеото, сите во формација клекнуваат, и ги откриваат ги сите членови на бендот. Потоа, затворениците стануваат повторно, и ги сокриваат ги музичарите зад толпата. Тоа е мал и добар дел на кореографирање. Ова видео има повеќе од 3500 прегледи.

Најголемиот успех на затворот до денес е четириминутното видео налик „Јералаш“, руско комично ТВ шоу со скечеви кои потсетуваат на стари епизоди од Бени Хил. Краткиот филм на затворот во Омск ни прикажува како еден затвореник скришно ги мава останатите затвореници со снежни топки, додека трите жртви не го пронајдат и не му се одмаздат. Тие му се одмаздуваат така што буквално го заробуваат во снешко. Ова уметничко дело има 241,100 прегледи на ЈуТјуб.

Таквата популарност се чини дека стана извор на самодоверба, бидејќи последниот производ од затворот, објавен на 2 март 2016, е краток филм од 17 минути за тројца затвореници кои откриваат магичен дух во чајник, кој на сите тројца им исполнува по една желба. Првите двајца затвореници посакуваат храна (едниот посакува ќофтиња а другиот суши), додека третиот затвореник изведува рап песна, барајќи јахта и убава девојка.

Андреи Зјузко, кој ја надгледува едукациската работа на затворот со затворениците, е мозокот зад сите овие филмски обиди, иако и самите затвореници почнаа да играат поактивна улога во процесот на создавањето на концептот. (Според канцеларијата за медиуми на затворот, Зјузко само помогнал при пишувањето на сценариото за филмот со духот, додека поголемиот дел од работата била на затвореници кои играат улоги во видеото.)

Доколку може да се верува на соопштенијата за медиуми на затворот, Зјузко можеби постигнал нешто навистина убаво во Омск, со тоа што ги ангажира луѓето кои се зад решетки и ги мотивира заедно да работат на креативни задачи. (Тие исто така учат потенцијално вредни вештини за правење филмови и уредување видеа, доколку нивниот „талент“ за пишување сценарија се покаже непрофитабилен.)

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.