Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Тајван: Зошто Apple го тужи HTC

На 2 март, 2010, Apple Inc. поднесе тужба против HTC за незаконско користење на 20 патенти од Apple поврзани со корисничкиот интерфејс на iPhone. Компанијата која е производител на паметни телефони (smartphone) од Тајван, во 2009 го промени својот фокус од телефони на Windows Mobile оперативен систем, на телефони базирани на Android, кој е оперативен систем за телефонот на Google. Темата многу брзо се појави во трендовите на Twitter и стана една од најдискутираните теми помеѓу тајванските нетизени, гикови и љубители на технологијата.

Каде е настанато незаконското користење?

Dancing Heart (舞動的心) не се согласува со постапката на Apple :

多點觸控嗎?? 兩指放大縮小嗎?

現在不是很多手機都有這功能了嗎?

看來mac還是會怕,會怕才會告

這個舉動,讓我覺的傳說中的 iphone 4G,應該是玩不出什麼新把戲了

……Можноста за допир со повеќе прсти?? Можноста со два прста да се зумира и одзумира?? Нели се тоа вообичаени можности на денешните мобилни телефони? Изгледа Mac (Apple) се загрижени, толку загрижени што мораа да поднесат тужба. Оваа постапка ме тера да верувам дека мистичниот iPhone 4G нема да има ниедна нова можност.

0926252726 се прашува зошто HTC е целта:

為何不告同樣用 Android想借此翻身的moto

還有跟美國人友好的三星

不知為何美國跟南韓的互動關係跟作為

讓人覺得很噁心

Зошто Apple не ја тужи Motorola. Таа исто така се обидува да го зачува својот бизнис со оперативниот систем Android.

И зошто не го тужи американскиот пријател Samsung?

Од соработката помеѓу Соединетите држави и Јужна Кореја ми се лоши.

adigolee исто така се сомнева во легитимноста на оваа тужба:

UI 哪裡像 iphone? Nexus one 不是原生的 Android 嗎? 甘 HTC 啥事?

如果真的是因為兩指放大的話, 的確是可以告很多廠商. 太多人學這個功能了….

癮科技的文章 跑 Windows 7 的 iPad?嗯!大家心照不宣… 不知道這個 Apple 告不告….

Дали има нешто слично помеѓу корисничкиот интерфејс на HTC и iPhone? Нели Nexus One ја претставува оригиналната Android платформа? Тоа нема никаква врска со HTC?

Ако навистина е функцијата за зумирање со два прста, Apple може да тужи многу компании, зошто веќе е искористена од многу компании…

Погледнете го овој напис од Engadget Chinese, за iPad кој работи си Windows 7! го гледате тоа?… Се прашувам дали Apple ќе тужи и за ова….

Улогата на Google

IriShcAFe предвидува дека Google ќе се вмеша во оваа битка:

整個事件基本上是針對Google Android來的,20項裡面多半是有關軟體的部分

只能說美國專利局腦殘的把那些範圍過於廣泛的專利發給了Apple.

這次的案件Google很有可能會在背後幫HTC,或是乾脆加入HTC一起跟Apple槓上

現在Android開始搶占智慧手機市占率,

也大概是為甚麼Google老闆年前從Apple的執行會上卸職的原因之一吧.

反正好戲要上演了,大家快去搬椅子買零食吧

Целиот проблем е насочен кој Android на Google, 20те патенти се поврзани со софтвер.

Можам само да кажам дека американската канцеларија за патенти и заштитни знаци има направено голема глупост со доделување на овие нашироко користени патенти на Apple.

Google најверојатно ќе го поддржи HTC во овој случај или може ќе размисли да се здружи со HTC и да се бори против Apple.
Сега Android се пробива на пазарот на паметни телефони и веројатно ова е причината зошто минатата година шефот на Google ја напушти позицијата од извршниот одбор на Apple.

Како и да е, шоуто е започнато, седнете на вашето столче и подгответе си пуканки!

Политики на корпорациите

JasonQ го нарекува случајот типична правна драма:

小弟認為, 應該不是真的有侵害到專利問題… 現在上演的, 應該是很普便的用專利訴訟來打壓敵對陣營產品的戲碼….

運用大量的侵權官司, 拖延敵對陣營產品上市時間, 並藉此限制對手產品的銷售以及開發…

等到3 ~ 5年後, 就算法院宣判沒有造成侵權問題, 敵對陣營也很難追趕上自家產品的開發以及市場佔有率….

Мислам дека не станува збор за вистинско незаконско користење на патент… Она што се случува сега е вообичаена драма каде една компанија користи тужба со патенти за да го потисне непријателот…
Користење на тужба за незаконско користење на патенти за да се одложи појавувањето на нов продукт на пазарот од компанијата-непријател и да се спречи нивната продажба и развој…

По 3 до 5 години, иако судот ќе каже дека нема незаконско користење на патенти, непријателот нема да може да ги стигне или да им биде конкуренција со иновативност и распространетост на пазарот…

Хио Шенг Шенг (小昇昇) исто така мисли дека станува збор за обичен правен случај.

我覺得大家好像把這件事情看的太嚴重了

在美國, 這種專利權大公司互相興訟的事情是希鬆平常的事

那個大公司身上沒背幾件專利官司

小公司還沒人要告勒

之前工研院不是也告三星在液晶電視上侵犯專利嗎

這是正常的商業競爭手段

htc養了一大堆的律師不是只負責吃飯的

Мислам дека го третирате случајов премногу сериозно.

Во САД, вакви тужби со патенти помеѓу големите компании се вообичаени.

Дури и големите компании се соочуваат со тужби за незаконско користење на патенти.

Ако компанијата е мала, никој не се грижи за да поднесе тужба.

Се сеќавате, ITRI (Институт за индустриско-технолошко истражување од Тајван) исто така го тужи Samsung за патенти за LCD телевизори?

Ова е нормална стратегија во бизнис конкуренцијата.

И HTC не ангажира куп од адвокати за ништо.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.