Големиот Брат Глувчо и слонот: иновативни начини на приближување на книгите до децата во Лаос

The story of the elephant Boom-Boom is told in the book 'The Little Elephant That Could'. Boom-Boom helps in distributing books in remote locations in Laos

Приказната за слонот Бум-Бум е раскажана во книгата ‘Малечкиот слон што умееше’. Бум-Бум помага во дистрибуирањето на книги низ далечните краишта во Лаос

Група во Лаос користи неколку иновативни начини за доставување на книги и промовирање на писменоста низ државата. Лаос е земја во развој која се наоѓа во Југоисточна Азија каде мнозинството од населението живее во рурална средина.

Како издавачи, Big Brother Mouse (Големиот Брат Глувчо) издале повеќе од 300 книги за деца од 2006 година, но тие исто така и организираат рурални книжевни забави, работилници за обука на учители, и сесии за описменување за да ја подобрат навиката на читање помеѓу младите во Лаос. Тие исто така примаат донации во книги и ги дистрибуираат истите низ училиштата каде прават селски библиотеки. За да пристигнат до потешко достапните места, волонтерите понекогаш јаваат на слонот наречен Бум-Бум кој е „дел од тимот“, и на тој начин книгите пристигаат до децата во руралните средини.

Групата била основана со цел да овозможи пристап до „книги кои го прават читањето забавно!“ Името Големиот Брат е превод од “Ai Nu Noi”, што во Лао културата значи љубов и заедништво во семејството. Ова е водечкиот принцип позади Големиот Брат Глувчо кои себеси се идентификуваат како издавачи, дистрибутери на книги, и волонтерска организација:

Ние не сме само издавачи. Ние даваме искуство од прва рака на млади луѓе додека тие учат нови вештини. Ние исто така развиваме нови ефективни начини на дистрибуција на книги во држава каде моментално, не постои добар систем за таа намена.

Една од популарните активности организирани од младите волонтери на Големиот Брат Глувчо претставува руралната книжевна журка каде децата можат да учат и читаат низ играње:

Кога имаме рурална книжевна журка, или одржуваме уметнички натпревар во училиште, млади Лао мажи и жени ги водат активностите и прават презентации. Децата откриваат дека книгите можат да бидат забавни. Тие исто така замислуваат нови можности за нивните животи.

На книжевните журки читаме на глас, играме игри, пееме песни за книги, и на секое дете му даваме негова сопствена книга, која обично е првата која ја поседува.

Учителот Јансаенг од селото Нахаи во провинцијата Кјасабули ја потврдува ефективноста на книжевните журки во инспирирањето на децата да читаат:

Од книжевната журка, многу деца сакаат да читаат за време на одморот. Присуството на учениците се подобри бидејќи сега тие имаа книги да читаат. Секојдневно околу 85% од учениците во училиштата читаат книги. Исто така, сега многу повеќе ученици пишуваат и нивни приказни.

Важен член на Големиот Брат Глувчо е слонот наречен Бум-Бум што значи ‘книги’ во јазикот на Лаос:

Бум-Бум стана повремен член на нашиот тим, помагајќи ни да дистрибуираме книги до тешко пристапните села во провинцијата Ксајабули. Децата отсекогаш се радувале кога Големиот Брат Глувчо ќе пристигне во нивното село. Тие се уште порадосни кога ќе пристигнеме со слон. А и луѓето од нашиот тим се среќни бидејќи не само што не мораат да ги носат книгите по планини и преку потоци, туку и откако ќе раздадат некои од книгите кои претходно ги пренел Бум-Бум, тие понекогаш можат бесплатно да се возат назад.

Подолу се прикажани неколку од фотографиите на кои се прикажани активностите на Големиот Брат Глувчо низ Лаос:

Sompori Village, Attapeu Province, Laos

Селото Саоидеу, провинција Ксајабоури, Лаос

Sompori Village, Attapeu Province, Laos

Селото Сомпори, провинција Атапеу, Лаос

Dorn Village, Xayaboury Province, Laos

Селото Дорн, провинција Ксајабоури, Лаос

Norngchorng Village, Luang Prabang Province, Laos

Селото Норнгчорнг, провинција Луанг Прабанг, Лаос

Somsanouk Village, Attapeu Province, Laos

Селото Сомсаноук, провинција Атапеу, Лаос

 

Taothan Village, Vientiane Province, Laos

Селото Таотан, провинција Виентјан, Лаос

Sorngneua Village, Luang Prabang Province, Laos

Селото Сорнгнеуа, провиниција Луанг Прабанг, Лаос

За да ги прошират нивните програми, од Големиот Брат Глувчо планираат да изградат „Центар за учење и откривање на светот“ на земјиште од три хектари во гратчето Луанг Прабанг.

Сите фотографии се од веб страницата на Big Brother Mouse

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.